VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

НАСОКИ ЗА СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

Сертификација претставува процес на контрола на капацитетите на одреден оператор со органски производи како теренски дел и проверка на документацијата која истиот треба да ја обезбеди и да ја води за време на производството.

Сертифициран може да биде секој оператор кој се занимава со растително, сточарско или пчеларско производство, преработувачите и трговците со сертифицирани органски производи како и операторите кои се занимаваат со собирање самоникнати видови и шумски плодови. Контролата се врши од страна на акредитирани сертификациски тела кои поседуваат капацитети во смисол на обучен персонал и опрема да одговорат на потребите на сертифицирањето и истите се овластени од Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство да вршат стручна контрола и сертификација. Акредитацијата кај истите се обновува секоја година и истите секоја година се подложни на контрола на работењето од страна на Институтот за акредитација.
Во моментот се акредитирани две сертификациски тела ПРОЦЕРТ и БАЛКАН БИОСЕРТ и истите се запишани во регистарот на овластени сертификациски тела во Македонија.

Прв чекор кој треба да го направи производителот кој има намера неговото производство да го сертифицира и да добие сертификат за органско производство е да поднесе апликација за органско производство до едно од сертификациските тела. Истата може да ја добие од веб страната на сертификациските тела или да се јави дирекно во нивната канцеларија. Пополнувањето е едноставно, но доколку има потреба производителите може да се јават до локалните канцеларии на Агенцијата за поддршка на развојот во земјоделството во својата општина или во консултанска фирма од дејноста, каде ќе добијат совет и поддршка.

По добивањето на апликациониот формулар, сертификациското тело изготвува понуда во која е висината на надокнадата која производителот треба да ја плати за контролата и сертификацијата. Потоа следува закажување термин за контрола и номинирање контролор кој е соодветен за видот производство кој треба да се контролира.

Контролата започнува со потпишување договор помеѓу сертификациското тело и операторот по што се продолжува со посета на капацитетите на производителот, производните површини, штали, складови помошни објекти и тн. од каде контролорот добива првичен увид за какво производство станува збор, а потоа следува административна контрола и пополнување стандардна документација која завршува со пополнување извештаи и собирање прилози.
Документацијата која е користена за време на контролата, заедно со фотографии од фармата и извештаите од контролата, контролорот ги доставува до сертификацискиот службеник во сертификациското тело кој ги прегледува и доколку има дополнителни прашања или потреба од дополнителни документи ги побарува од контролорот. По обезбедување на се’ што е потребно од контролата, се донесува сертификациска одлука и
се издава сертификат.

ПОИМИ ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Постојат два термина со кои се опишува статусот на органските производи: органски во преод производ и органски производ.
Oргански во преод производ – е производ кој е добиен од сертифицирана фарма која е во преоден период или период на конверзија од конвенционалнo кон органскo.
Овој период представува време за кое површините, растенијата или животните треба да се ослободат од хемиските материи кои се неприродни а дошле на фармата преку употреба на пестициди, хербициди хормони и тн. За едногодишните култури или новоподигнатите овошни или лозови насади, преодниот период е 2 години, за старите овошни или лозови насади овој период е 3 години. За време на овој период производите кои се добиваат на фармите имаат статус органски во преод, статус кој е помеѓу конвенционален и органски.
Преодниот период може да биде и скратен во случаи кога постојат сигурни докази дека на одредена површина повеќе години не се применувале методи и практики кои не се дозволени во органското производство, а докази за тоа може да бидат фотографии на кои се гледа дека на површината опстојуваат самоникнати растенија постари од 2 години, потоа извештаи од учество во некакви програми или проекти, потврди од државни институции, изјави на локални жители и сл.
Органски производ – е производ кој е добиен од сертифицирана фарма кај која е завршен преодниот период и кај истата при контрола не се констатирани некои позначајни отстапувања од правилата за органско производство кои влијаат врз донесувањето на сертификациската одлука од страна на сертификациското тело.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!