
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Нутриционист
Мушмула
Мушмулите се користат за лекување тегоби при дигестијата – цревни и желудочни воспаленија, елиминира надуеност и е силен природен лаксатив.

Мушмулите се моќно средство кое благотворно делува на целиот организам. Мушмулите се богати со скроб, растителни влакна, пектин и органски киселини. Исто така содржат и големо количество витамини – А, Ц и витамини од групата Б, минерали – калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, натриум и други.

Мушмулите се богати со пектин, кој е вид растворливи влакна. Пектинот делува како природен лаксатив. На овој начин ја брани слузницата на цревата од токсичните материи и го намалува ризикот од појава на запек и развојот на рак на дебелото црево. Како резултат на големата количина на растителни влакна, мушмулите се идеална храна која се препорачува да се консумира при диета. Покрај тоа, присуството на пектин помага во нормализирање на нивото на холестерол.
Мушмулата е силно противоспалително средство кое делува благотворно на целиот организам. Со векови се користи за лекување тегоби при дигестијата – цревни и желудочни воспаленија, елиминира надуеност и е силен природен лаксатив. Поради своето антивирусно и антибактериско делување, помага за ублажување на воспалението на крајниците и на дишните патишта. И нивната консумација, особена е корисна при појава на гихт, зголемени количини на урична киселина и камчиња во бубрезите.
Илија Бузлевски
