VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Нутриционист

Морков

Бета-каротенот во морковот штити и од макуларна дегенерација, и старечка катаракта

Морковот (Daucus carota) е зеленчуково растение од родот Daucus, кој Содржи многу корисни и лековити состојки. Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен кој постои со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др.

Морковот во себе содржи многу витаминии минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.
Морковот е добар извор на витамин А, диететски влакна, витамин К и витамин Ц. Освен тоа, во морковот може да се најде и витамин Б6, биотин, фолна киселина (витамин В9), тијамин (витамин Б1), магнезиум, калиум, манган, молибден, железо, фосфор, витамин Б3, витамин Е и цинк.

Морковот содржи и фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданти: Бета-каротин и алфа-каротин, кои нашето тело ги претвора во витамин А, кој е важен за работата на имунолошкиот систем, ги одржува здрави клетките, активира ензими и ја заштитува кожата од оштетување од сонцето. Бета-каротенот исто така штити и од макуларна дегенерација, и старечка катаракта. Лутелоин, флавоноид кој покажува антиоксидантско дејство, антиинфламаторно и антивоспалително дејство.

Илија Бузлевски

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC