VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Моноспитовско Блато: Природа на работ на опстанокот!

Во центарот на делот обраснат со барска флора постои парче од некогашното езеро до кое, од густите трски, многу тешко може да се стигне. Останатата површина е изорана и претворена во плодно земјиште! Сепак, целиот амбиент личи на див и непристапен предел, специфичен пејзаж со свои закони и особености каков што само природата може и знае да го создаде!

Ако од Струмица се тргне кон селото Банско, од левата страна на патот, под северните падини на планината Беласица сместен е локалитетот што пред шеесетина години беше познат како Моноспитовско Блато, кое со територијалната поделба сега спаѓа во Општината Босилово. Иако овој дел од Струмичката Котлина се уште го носи ова име, ни најмалку не личи на некогашниот жив музеј на приридата, непроценливо национално богатство и мрестилиште за краповите, линешите, јагулите, амурите или дом за многу видови господари на височините. Од цели 5.000 хектари површина сместена меѓу девет села, одвај 300 до 500 хектари денес сведочат дека можеби некогаш цело ова поле било под вода. Во центарот на овој дел обраснат со барска флора постои парче од некогашното езеро до кое, од густите трски, многу тешко може да се стигне. Останатата површина е изорана и претворена во плодно земјиште! Сепак, целиот амбиент личи на див и непристапен предел, специфичен пејзаж со свои закони и особености каков што само природата може и знае да го создаде!
Иако во личната карта на овој природен резерват или попатна станица на ретките птици биле запишани над 200 видови, сега небото на Моноспитовско Блато го надлетува понекој штрк или чавка, гавран или ластовица, кои на жешкото летно сонце ги колваат семињата од кои по жетвата останале на земјата.
По крајниот раб на Блатото поминува канал од кој се шири непријатна миризба на суфур и амонијак. Во морето од жолти барски ириси се шаренеат стадо крави - слика што изгледа речиси надреалистично. До нив - со стап во раката, глава врзана со крпа и со гумени влечки - стои човек загледан во далечината, кон високите дрвја кои некогаш во минатото веројатно ја означувале границата каде што завршувало Моноспитовското Блато. Тоа е чичко Живко од селото Моноспитово, кој ни раскажува дека денес е негов ред да ги чува кравите од селото. “Колку крави имаш, толку денови ќе ги пасеш сите”, го објаснува договорот меѓу селаните. Петнаесетината илјади жители од 9 села кои гравитираат околу локалитетот се уште имаат корист од Блатото, но не како порано. “Пред многу години, додека уште бев дете ”, се сеќава Живко, “Моноспитовското Блато имаше толку многу риба што ја вадевме со кошови. Крапови, линеши, црвеноперки, јагули, амури, штуки... Од тоа живеевме. Сега нема ништо!

До делот покриен со вода не е едноставно да се дојде. Теренот станува каллив, лизгав и опасен поради исечените трски кои доколку не се газат со соодветна опрема, може да бидат опасни. Прилично непријатни знаат да бидат и многуте пијавици, Целата оваа речиси невозможна мисија на “кал до колена” беше неопходна поради пронаоѓањето на три метри долгите чамци, кои овде ги нарекуваат шајки.
Скриено зад густите полиња од барска трска и калта длабока четириесетина сантиметри се наоѓа езерото покриено со барски локвани, кои некогаш им биле идеално засолниште за рибите. Шајките се изработени од дрво и исклучително се - нестабилни. Се управуваат единствено со стапови, но држењето на правецот е невозможно во средината на езерото каде, што длабочината е четири метри! Веќе со години наназад единствено штуките тука доаѓаат во февруари - за да се измрестат. Но и ова не се случува без проблеми. Овој локалитет е извонредно интересен за ловџиите кои доаѓаат да ловат птици, диви патки, шатки и се што мрднува. За таа цел тие од трска градат куќички, т.н. чеки (многу слични на дојранските мандри), во кои престојуваат. За време на мрестот во блатото доаѓаат парчиња штуки тешки дури и до 15-тина килограми, во кои - верувале или не - се стрела и од пушка. Типично балкански!

Во строгиот регион на локалитетот и денес се забележуваат над 100 видови птици. За некои од нив блатото е дом, за други само попатна станица... Карактеристични се и десетината видови жаби (некои од нив масовно се ловат), од кои една е ендемит - луковата жаба. Од змиите се среќаваат речиси сите видови познати за Македонија, вклучувајќи ги и отровниците. Откако е изграден и еден природен рибник во кој се одгледуваат крап и линеш, во блатото во потрага по храна навраќаат и речните видри. Господарите на небото над овој специфичен споменик на природата, како што се црниот штрк, чапјата лажичарка и некои видови лешнари, повеќе ги нема! Моноспитовското Блато со сите свои карактеристики од научен аспект е многу малку истражуван. Тоа по своите особености претставува вистински музеј на ретки видови.
Во самиот локалитет може да се сретнат неколку терцијарни и глацијални реликтни видови папрати, од кои секако најголемо значење има ендемскиот вид осмунда Oslmunda regalis- растение кое може да достигне височина и до 2 метра. Се среќава во подножјето на планината Беласица, крај селото Банско, но и во атарот на селото Колешино развивајќи се на хумусни почви и постојано влажна подлога. Распространет е во повеќе европски земји, но тој е прилично локализиран. За жал, од она што може да се види на теренот, ареалите на распространетост на ова растение постојано се намалуваат, заради потребите на локалното население од обработлива површина. Заедно со него, исчезнуваат и поголем број реликтни блатни растенија. Пред повеќе децении на овие два локалитета постоеле табли со објаснување и потенцирање на значењето на ова растение, кои одамна повеќе ги нема!
Kарактеристични се и некои видови ендемски алги. За жал, сe повеќе се палат, сечат и преоруваат и оние места кои прилегаат на џунгла - густи дрвја испреплетани со барски лијани, заедници кои се типични за барскиот екосистем.

БАбрашева Ноциќ.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen