Нутриционист

Марула

Марулите се преполни со голем број хранливи материи, кои го зачувуваат и унапредуваат здравјето

Марулата (lactuca sativa) е листесто растение полно со хранливи материи кое припаѓа во фамилијата Asteraceae. Марулите се преполни со голем број хранливи материи, кои го зачувуваат и унапредуваат здравјето и играат значајна улога во превенцијата на разни заболувања.
Марулата изобилува со витамини и минерали и е одличен извор на вит. Ц, вит. А, витамини од Б комлексот (витамин Б6 (пиридоксин), рибофлавини, итн.), вит. К и исто така содржи адекватна количина на минерали, како што се: железо, калциум, манган и калиум, кои се неопходни за правилно функционирање на метаболизмот.

Марулата е одличен извор на витамин А и бета-каротен кои имаат антиоксидативни својства. Витаминот А е неопходен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата, а е неопходен и за добриот вид. Зеаксантинот е важен каротеноид содржан во марулата кој селективно се апсорбира во слузокожата на ретината, каде што се смета дека обезбедува антиоксидативна функција и заштита од болести на очите предизвикани од старост.

Марулата е богат извор на витамин К кој игра потенцијална улога во зголемување на коскената маса и има значајна улога во терапијата на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест, затоа што го ограничува оштетувањето на невроните во мозокот. Свежите листови содржат солидна количина фолати кои се неопходни за синтеза на ДНК и витамин Ц кој е моќен антиоксиданс кој штити од штетното дејство на слободните радикали и помага во борбата со инфективните агенси.

Бузлевски Илија

© 2019 Cyber Green Market LLC