VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Македонските земјоделци ги почнаа подготовките за пролетната сеидба

Ковид 19 и сушата, македонските земјоделци пред стартот на пролетната сеидба се борат на два фронта. Ги почитуваат препораките на надлежните и ограничувањето на движење но почнаа и со подготовки за пролетната сеидба

Последните врнежи од дожд и снег ги ублажија последиците од сушата, но таа се уште претставува голем проблем особено за производителите на ориз. Најголемата брана на истокот, Калиманци, се уште нема доволно вода за да се наводуваат сите предвидени површини. Наредната недела ќе се прави ревизија на планот за наводнување по што ќе се знае колку површини под ориз, но и други култури ќе бидат засеани.

„Во моментов дотокот на вода е од седум до девет кубни метри вода, што е добра количина. Чекаме да видиме колку ќе ја наполни акумулацијата дополнителното топење на снегот, но и очекуваните нови врнежи од дожд. За да се почне наводнителната сезона потребни се од 75 до 80 милиони кубни метри вода“ вели Дени Митров директор на Водостопанство „Брегалница“ – Кочани.

На самиот старт пред сеидбата оризопроизводителите, од регионот на Чешиново-Облешево што 80% егзистира од производство на ориз, се плашат дека нема да има доволно вода за нивите.

Инаку од Обединетите нации предупредија дека вирусот што ги затвори границите може да предизвика и недостиг од свежа храна, овошје и зеленчук. Придонес во тоа имаат и протекционистичките мерки што дел од земјите веќе ги воведоа за забрана на извоз на одредени производи за да ја задоволат домашната побарувачка, но и недостигот на сезонски работници.

Поради дел од мерките земјоделците од најпогодените земји од корона вирусот предупредуваат дека овошјето и зеленчукот ќе скапе на нивите, а во прашање е доведена и пролетната сеидба ако состојбата не се промени. Затоа голем дел од нив го мобилизираат сопственото население како замена за сезонските работници.
Извор – 24 ТВ

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen