VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Македонија се бори со суша, а Европа со поплави

Дождот што падна неделава е недоволен, но сепак е добредојден за спас на есенската сеидба. Агрометеоролозите велат дека на почвата ù се потребни врнежи од дожд, од 100 до 120 литри на метар квадратен, а минатата недела во просек наврнаа околу 40 литри

И покрај врнежите почвата е сè уште сува. Дефицитот на влага во почвата е поголем од она што го доби од дождовите кои паднаа изминатата недела. На почвата ù се потребни врнежи од дожд, од 100 до 120 литри на метар квадратен, а минатата недела во просек наврнаа околу 40 литри. Според агрометоролозите ваквото време ќе се задржи и наредната недела, при што се очекува да се подобри состојбата со сушата и да бидат насадени поголем број земјоделски култури.

-Дождот што падна неделава не е доволен, но е повеќе од добредојден за земјоделците. Дефицитот на влага е поголем од ова што го добивме, ни недостигаат од 100 до 120 литри на метар квадратен. Овој бран наврнаа 20 литри во Прилепско, од 30 до 40 литри во Битолско, 20 литри во Демир Капија, 50 до 60 литри во Гевгелија, во Струмичко 20 до 30 литри, Крива Паланка 20 литри и Берово само 12 литри дожд на метар квадратен, вели агрометорологот од УХМР, Ангелко Ангелевски.

Добро е што во Пелагонија каде што беше стопирана сеидбата поради сушата паднаа повеќе врнежи. Во најголемата житница досега беа посени само преткултурите, пченка, тутун, сончоглед, но не и пченица која бара претходна подготовка на почвата. Земјоделците кои не ги изорале нивите по жетвата нема да можат воопшто да ги насеат до пролет, бидејќи земјата е тврда и не може да се ора.

Според Ангелевски, во наредниот период временските услови ќе бидат добри за работа на поле.

-И покрај тоа што и наредната недела се очекуваат дождови, почвата може да ја прими оваа влага и уште наредниот ден може да се влезе во нивите. Температурите на воздухот се повисоки за овој период од годината, па така сè што ќе биде посеано може да проникне. Со оглед на високите температури, не се очекува наскоро да падне мраз, па така може да се размислува и за овошни култури, вели Ангелевски.

емјоделците стравуваа дека нивите ќе им останат празни, но дождот и топлото време неделава ја спасија сеидбата и овозможија не само да бидат насеани земјоделските култури туку и да никне тоа што е посеано.

За разлика од сушата, која годинава ја погоди нашата земја, Во Европа повеќе градови беа поплавени. Во Англија паднаа досега незапаметени дождови, Венеција цела беше поплавена, а страшно невреме со град и поплави имаше и во Франција, Австрија и Швајцарија.

извор: вечер прес

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now