VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

November 18, 2020, 1:20:16 PM
Нутриционист

Магдонос

Магдоносот е диуретик и овозможува отстранување на вишокот на застоена течност од телото.

Магдоносот (Petroselinum crispum) е светлозелено, двегодишно растение и е популарна кулинарска и медицинска билка, која е признаена како функционална храна, поради уникатните антиоксидантски и превентивни својства. Магдоносот има само 36 калории на 100 грама и обезбедува исклучително корисни материи: фолати, витамин Ц, витамин А, витамин К, калциум, железо и инулин.

Cyber Green Market News

Магдоносот е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и растителни влакна, кои помагаат во контролата на нивото на холестерол во крвта, го штитат телото од слободните радикали, спречуваат појава на констапација и обезбедуваат одредена заштита од рак, а содржи голем број есенцијални масла кои се корисни за здравјето.
Магдоносот помага при болести на мочниот меур и бубрезите, како и од инфекции на генитоуринарниот тракт. Диуретскиот ефект на есенцијално масло од магдонос овозможува да го користите ова растение во случаи кога треба итно да го отстраните вишокот на застоена течност од телото.

Присуството на полисахаридот инулин го прави магдоносот погоден за исхрана на пациенти со дијабетес. Магдоносот е многу богат со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.

Илија Бузлевски

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259