VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано го следи откупот на зелката и е во постојана комуникација со земјоделците и откупувачите на зелка.

Поради глобалната пандемија од коронавирусот, на светските пазари дојде до намалена побарувачка на зелка, што во нашата држава предизвика проблем со пласманот и откупната цена на зелката.

За таа цел во координација со земјоделците, МЗШВ подготви предлог за интервентна мерка за покривање на загубите на производителите на зелка. Предлог- мерката е ставена во систем минатиот петок, но со оглед на тоа дека до денеска немаше седница, истата ќе се разгледува на утрешната владина седница.

Интервентната мерка ќе биде за продадена зелка во периодот од 1-ви април до 30-ти април 2020 година, а заради стабилизирање на пазарот со зелка, бидејќи во месец април поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот дојде до дестабилизација на пазарот и големо намалување на побарувачката и на откупната цена.

МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, и доколку има потреба заеднички со земјоделците ќе се креираат решенија преку интервентни мерки, а со цел да се овозможи одржливо производство и пласман за земјоделските производи.

Истовремено, МЗШВ го повикува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, овој период на глобална пандемија со којашто се соочува целиот свет, да не го користи за прибирање на политички поени и манипулација со земјоделците, како што тоа денеска го стори со неговата изјава за откупот на зелка, а при тоа знаејќи дека МЗШВ веќе има предложено интревентна мерка.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!