VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

МЗШВ: Нови рок за поднесување на барања за субвенции во земјоделството по Програма 2020

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделски стопанства дека донесен е нов рок за поднесување на барања за директни плаќања. Новиот рок е донесен од страна на Владата на Република Северна Македонија а е утврден согласно дополнетата Уредба за директни плаќања.

Ова значи дека сите земјоделци кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, истото ќе може да го сторат веќе од денеска па се до 30- ти септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка како и претходните години и овој пат се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Земјоделците кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

При тоа, апликантите треба да го запазат новиот дополнителен рок и при поднесување на барањата да проверат дали во барањата ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка. Доколку некој од земјоделците увидат дека направиле пропуст или пак ако увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањата може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.


Агенцијата заедно со Владата и МЗШВ, и понатаму ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе влијаат земјоделството да се развива и модернизира. Преку креирање на позитивни мерки како и досега, ќе се создаваат услови за намалување на производните трошоци и зголемување на домашното земјоделско производство.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen