
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Лозарите ги поставија откупните лимити на овогодинешниот род
Годинава производителите на грозје очекуваат да биде плодна и да даде добар и квалитетен род

Најмалку 11 денари за килограм „Смедеревка“ и 13 денари за „Вранец“. Ова се дел од барањата на лозарите од тиквешијата кои ги презентираше Здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци.
Меѓу другото тие побараа и дополнителни субвенции од државата, и дообјаснија дека овие цени се однесуваат на род со 17 единици шеќер кај „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Според нивното барање како расте шеќерноста, така да растат и цените.
Годинава производителите на грозле очекуваат да биде плодна и да даде добар и квалитетен род.

Лозарите велат дека Короната ги попречила во дел од активностите, но сепак тие работат на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваат и можностите за извоз на грозје.
Беше закажан состанок во мал состав за сите отворени прашања околу производството и пласманот на грозјето од годинашната реколта.
А. Г.
