Македонија

Листа на Инфо - денови за мерката 1 од ИПАРД

Распоредот и програмата за инфо деновите е наменета за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата -2014-2020.

За сите заинтересирани лица во руралните средини, за создавање на издржано земјоделско стопанство и зголемување на приходите во најава е јавен повик за мерка 1 – „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“. Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржува инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.
Распоредот и програмата за инфо деновите е наменета за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата -2014-2020.

Преставници од државните институции на 18-ти фебруари ќе бидат во Зрновци и Македонска Каменица од 11 и од 15 часот. Следниот ден сите информации за програмата од 10 и од 14 часот ќе може да ги добијат заинтересираните земјоделци од Зрновци и од Чашка. Ѓорче Петров е планиран за 21 фебруари од 10 часот, додека Чешиново-Облешево и Пробиштип се на ред на 28 овој месец и тоа првите од 11, а вторите од 15 часот.
На 3-ти март, инфо денови ќе се одржат во тетовските села Желино и Теарце, и тоа од 10 и 14 часот, а ден потоа во Гостивар и Ростуше, исто така од 10 и од 14 часот. Петти март е резервиран за скопските Кисела Вода од 99.30 и Студеничани од 13.30 часот. Следниот ден ќе може да се информираат сите заинтересирани лица од струмичките Ново Село и Босилово и тоа од 11 и од 15 часот.

Десетти март е резервиран за Могила и Кривогаштани исто така од 11 и од 15 часот. Во Демир Капија и во Валандово одговорни лица од телото за управување со ИПАРД фондовите ќе бидат на 11-ти март, во истиот термин.
Во Боговиње и Врапчиште инфо денот е закажан за 12-ти март од 10 и од 14 часот. Истите термини, но за наредниот ден се резервирани за Неготино и Кавадарци, а на 18-ти март од 11 и од 15 часот ќе имаат можност да се информираат и земјоделците од Вранешница и Пласница. За 19 март се планирани Зајас и Осломеј и тоа од 11 и од 15 часот, а за 20 март истиот термин е закажан за Другово и Демир Хисар. Инфо деновите за мерката 1, завршуваат во Конче на 24 март во 11 часот.


Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC