VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Лековитото кантарионово масло

За ефикасноста на кантарион како лековито растение доволно зборува податокот дека неговото лековито дејство било познато уште пред нашата ера, откога датираат податоците за неговата употреба во традиционалната грчка медицина, оригинално документирана од Хипократ. Оттогаш па сѐ до денес кантарион континуирано се употребува и зазема значајно место во традиционалната медицина за лекување разни невролошки заболувања, како и за третман на гастроинтестинални нарушувања и разни кожни заболувања и оштетувања.

Кантарионовото масло претставува екстракт од надземен дел од свеж жолт кантарион во маслиново масло. Покрај неговата главна употреба како антидепресив, жолтиот кантарион поседува антибактериско, антиинфламаторно, антивирусно, атстрингентно и антиулцерозно дејство. Поради овие својства жолтиот кантарион го намалува воспалението на ткивата, го зголемува регенеративното својство на ткивото и води до негова побрза реепителизација.

Кантарионовото масло поволно дејствува при следните состојби: изгореници, исеченици и други рани, кожни воспалителни процеси (надворешна употреба), диспептични нарушувања во системот за варење, улцерозни состојби на желудникот и на дванаестпалечното црево, менопаузални симптоми (внатрешна употреба).

Како сами да си направите кантарионово масло?

Кантарионовото масло е единствено што се подготвува од свежа билка. Соодносот е 100 г. цветови на литар масло.Се подготвува со ладно цедено квалитетно масло. Најдобро е маслиновото. Оставете ги цветовите да отстојат преку ноќ, а потоа:

1. Ставете ги во проѕирно стаклено шише и прелијте ги со маслото.

2. Прекријтего шишето со газа и врзете ја со гумичка.

3. Оставете да отстои 40 дена на сонце, повремено проверувајќи дали сите цветови се со маслото.

4. По четириесеттиот ден, добро исцедете го маслото со цвеќето низ газата и притиснете ги цветовите за да пуштат од маслото што го впиле.

5. Соберете го во темни шишенца и затворете ги убаво.

6. Не оставајте го маслото да стои во фрижидер.

Квалитетното кантарионово масло има темна црвена боја, понекогаш со виолетови нијанси. Доколку не сте во состојба да го подготвите дома , кантарионово масло можете да купите и во аптеките.

Препорачана дневна доза и начин на употреба

Внатрешна употреба: 3 пати на ден по една супена лажица пред секој оброк.
Надворешна употреба: на заболените делови на кожата (инфекции, затворени рани, изгореници, исеченици, декубитуси) со помош на капалката се нанесува тенок слој од маслото од кантарион, 2 до 3 пати на ден. Маслото од кантарион не треба да се нанесува на отворени рани.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen