VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Култивирано одгледување на Маточина (Melissa oficionalis)

Маточината е многугодишно зелјесто растение од фамилијата усноцветни. Потекнува од земјите околу Средоземното Море, но денес се култивира низ цела Европа и Северна Америка.

Морфолошки и физиолошки карактеристики

Повеќегодишно зелјесто влакнесто растение 60 - 80 cm високо со силно разгранет корен, бели (некои подвидови и жолти) ситни цветови. Услови на успевање: до 1000 m надморска височина и просечните врнежи да бидат до 600mm годишно. Успева на плодни почви, со киселост pH 6-7. Основната обработка треба да биде длабока (35 cm).

Обработка на почва

Квалитетната предсеидбена обработка треба да се состои од следниве работни операции:Рамнење, ѓубрење: NPK 400 – 500 kg/ ha основно ѓубрење пред дискувањето а после рамнењето, или пред основното орање, (но сепак најдобро е нормите и распоредот на ѓубрење да бидат одредени според добиените резултати и препораки од агрохемиски анализи на почвата извршени во акредитирани лаборатории) 40 - 50 cm. Растенијата треба да бидат

Размножување, сеидба и садење

Размножувањето на ова растение при култивираното одгледување може да се изведува преку директна сеидба со семе, со ризоми или преку производство на расад. Производството на расад се врши со сеидба во леи за расад: 5- 8 gr./m2 семе ( 1gr. ≈ 160 семки), 50 m2 леи се потребни за да се произведе расад доволен за расадување на 1ha. Никнувањето се остварува за 15 – 20 дена од сеидбата, (во зависност од температурите и условите на одгледување), порастот за 40 – 60 дена е 10 – 20 cm со развиени 2- 3 листа–за садење на поле; расадување на нива: наесен или рано на пролет меѓуредово 50 cm, воред 30 cm, за 1 ha ≈ 66.600 садници.

Прибирање, жетван на растенијата

Во услови на наводнување при култивираното одгледување на ова растение тоа се коси 3 - 4 пати во тек на вегетација во фаза пред цветање на височина од 10 cm од почвата. Во првата година принос сува надземна маса 600-800 kg/ha. Втората и следните години 2000 - 3000 kg/ha сува надземна маса.

Производни искуства

Овче поле – ЗК ,,Полјоделство Ерџелија“ повеќегодишен насад од 2004 – 2008 година со површина од 4 ha. На оваа површина расадот за мелиса е произведен со сеидба во покриени
леи за расад кои се насеани на 1 март 2004 г- 8 gr/m2 семе. Расадот е расаден на нива на 15. Април 2004 година со расадосадачка за пипер и височина на расад од 20 cm. Расадувањето е направено со густина 60 cm меѓу редовите и 25 cm растојание на растенијата во редот. Почвениот тип каде е расадена мелисата е смолница на предкултура пченица.

Нега во текот на вегетацијата

1 меѓуредово култивирање машинско, и 2 рачни окопувања ; 1 – 2 заливања (50l/m2 ) помеѓу секој откос. Принос: Во првата година (2004): од 2 откоса околу 0,5 t/ha сува надземна маса;
Втора година: I откос 17. Јуни 3,75 t/ha сува маса (вкупно 15 t од 4 ha, oд кои 8,7 t лист : 6,3 t стебло (сооднос лист стебло 1,3 : 1);
II откос 15. Август 2,325 t/ha сува маса, вкупно 9, 3 t од 4 ha, oд кои 5 t лист : 4,3t стебло (сооднос лист стебло 1,16 : 1);
Втора година : III откос 13. Октомври 0,7 t/ha сува маса, вкupno 2,8 t од 4 ha, oд кои 2 t лист: 0,8t стебло (сооднос лист стебло 2,5 : 1); Вкупен принос од I+II+III откос= 27,1 t сува маса (6,775t /ha), со сооднос 15,7 t лист : 11,4 t стебло, (сооднос лист:стебло просек од сите откоси 1,4 : 1;

Начин на прибирање и издвојување на лист од стебло

Прибирањето се врши редоследно преку следниве машински работни операции: Косење; Превртување; Балирање (важен момент во однос на процентот на влага во исушената надземна биомаса); Издвојување лист од стебло со житен комбајн соодветно регулиран;
Откупната цена во тој период, по која според договорот нарачателот на производството му ја плаќаше на производителот изнесуваше: на сув лист 60 ден/kg, суви стебла18 ден/kg.
извор: Моја земја ( www.nff.org.mk )

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen