VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Нутриционист

Круша

Свежата круша е извонреден извор на диететски влакна кои играат особено важна улога во варењето на храната.

Круша
Крушата Pyrus communis, е овошен плод кој спаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Pyrus. Постојат неколку стотици видови круши, секој вид со различен облик, боја, големина и вкус. Тие се сочни, благи и со малку зрнеста структура.
Енергетската вредност на крушата на 100 гр круши е 58 калории од кои 15,5% отпаѓаат на јаглехидратите, 0,4 % на протеините и 0,1% на мастите. Крушите се одличен извор на растителни влакна, а освен нив, содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур.

Свежата круша е извонреден извор на диететски влакна кои играат особено важна улога во варењето на храната, ја регулираат работата на цревата и на тој начин превенираат појава на опстипација и дијареја. Растителните влакна истоа така помагаат срцето да биде здраво, го одржуваат крвниот притисок и го нормализира нивото на лошиот холестерол. Витаминот Ц и бакарот кои се наоѓаат во крушата се нутриенти кои даваат значаен придонес во антиоксидативната заштита на организмот од слободни радикали и се вистински пријатели на имуниот систем.

Свежата круша е одличен извор на калиум, кој влијае врз здравјето на срцето. А еден од корисните витамини во човековиот организам е витаминот А со кој крушите изобилуваат и секако и со неговите споредни компоненти како што се лутеинот и зеаксантинот. Тие делуваат како антиоксиданти и можат да ги намалат ефектите на стареењето на кожата, макуларната дегенерација, катаракта и многу други состојби поврзани со процесот на стареење.

Бузлевски Илија

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen