Нутриционист

Кромид

Конзумирањето на кромидот помага и во регулирање на шеќерот и холестеролот !


Alium cepa спаѓа во групата зеленчуци. Нутритивната вредност на 100 гр кромид изнесува 40 kcal. Од нутриентите застапени во кромидот јаглехидратите се 9,34 гр, протеини 1,4 гр и мастите со 0,1 гр. Диеталните влакна се застапени со 1,7 гр, а вода има 89,1 гр.
Витаминско минералниот статус на кромидот е од големо заначење за заштита, зачувување и унапредување на човековиот организам. Од витамините застапени се витаминот Ц, А и фолатите во поголеми и Б групи во помали количини. Минералите се застапени преку калиум 146 мг, фосфор 29 мг, калциум 23 мг, селен, манган, бакар, хром, сулфур.


Тие помагаат во превенција на остеопороза кај повозрасни жени. Антиоксидативниот ефект на кромидот се должи на фитонутриентите флавоноиди и полифеноли, кварцетин кој го подигаат имунитетот и имаат антивирусно и антиканцерогено дејство, но и цинк и селен кои го подобруваат имунитетот. Конзумирањето на кромидот помага и во регулирање на шеќерот и холестеролот. Со растителните влакна позитивно се однесува на кардиоваскуларниот систем и намалена гликемија во крвта.

Антиалергискиот ефект му се должи на етанолните екстракти, а бронходилататорниот за подобрување на респираторната функција се должи на присуство на тиосулфонатите во кромидот.
Се користи свеж во разни видови јадења, салати, зачин (свеж, но и сушен). Најдобро се чува во сув, темен и проветрен простор во мрежести вреќи

Бузлевски Илија

© 2019 Cyber Green Market LLC