Органско

Корисни факти за органското производство 3

Некои важни бенефиции за органски фармери и органска храна на потрошувачите

- Органските производители не користат генетски модифицирани култури. Конвенционалните производители од друга страна пак, имаат слобода да „ги користат“ генетските модифицирани култури.
- Има загрижувачки индикации дека ГМО сепак може да му наштети како на човечкото здравје, така и на животната средина. Главната загриженост е дека откако тие ќе бидат ослободени ќе беде невозможно повторно да се вратат назад.
- Органското земјоделство бара поголема интеракција (набљудување, навремена интервенција и контрола на плевелот) меѓу еден фармер и неговата култура.
- Синтетичките препарати врз кои е засновано целото конвенционално земјоделство се скапи за производство. Денес вложената енергија во индустриското земјоделство троши 9 калории за секоја 1 калорија вградена во храната која ја произведува!
- Органското земјоделие произведува помали емисии на стакленички гасови и значително помалку влијае на промените на климатските услови.
- Секоја година фармерите во Македонија употребуваат илјадници тони фосфатни и азотни ѓубрива на ниво на нивните обработливи површини. Бидејќи се растворливи, голем дел од овие ѓубрива од културите се слеваат директно во почвата каде наоѓаат лесен пат до подземните води (особено кога зборуваме за фосфатните и нитратните ѓубрива).

- Синтетичките супстанци наменети за индустриското земјоделство најчесто се деривати на нафтата и со тоа претставува извор на ендокрини – штетна материја за нашата животна средина. Дури и најбезбедните хербициди како што се гликофосфатите (второто најшироко употребувано средство), се познати како штетни за водните екосистеми.
- Органското земјоделие се однесува на земјоделството во кое нема употреба на хемиски ѓубрива и пестициди. Многу мали земјоделци практикуваат органско земјоделие, но се додека не станат свесни за нивните можности на пазарот, не извршат верификација на процесот преку соодветна сертификација, нема да бидат во можност да ги искористат придобивките од оваа земјоделска практика.
- Кога зборуваме за органска храна не станува збор само за етикета. Тоа претставува методи за одгледување и методи за производство на храна, методи кои се грижат за општото добро на целиот животински и растителен свет, како и за поздрав живот на човекот.
- Со купување на органска храна се помагате во поддршка на одржлив систем кој му служи на потрошувачот, на земјоделецот, на животните кои живеат на органските фарми.
- Органските земјоделци не користат хербициди, наместо тоа тие се потпираат на плодоредот, добро темпирана култивација, рачно или механичко отстанување на плевелот и внимателен избор на културите.
- Благосостојбата на животните е еден од клучните принципи на органското земјоделство и нивната благосостојба е пропишана во правилата и процедурите кои задолжително мора да се следат.
- Наместо антибиотици органските фармери се трудат да користат холистички методи секогаш кога е можно. Меѓутоа, благосостојбата на животното секогаш е главна грижа. Затоа во тешки случаи при совет од ветеринар, со цел да се сопре или да се намали страдањето на животното, антибиотиците можат да се употребат. Додека се употребуваат антибиотиците и потоа, производите добиени од тоа животно не смеат да се продаваат како органски. Периодот на чекање по употреба на антибиотици трае два пати подолго отколку периодот на препишан од страна на производителот на лекот кој е апликативен за конвенционалното производство.
- Доколку антибиотик се аплицира повеќе од двапати во годината, животното се исклучува од сертификација.

- Цената на органската храна е повисока заради повеќе добри причини. Најпрвин заради поинтензивна употреба на работна сила, насадите на културите се засадуваат и одгледуваат во поретка густина во парцелите. Постои и иницијален трошок за сертификација кој дополнително ја оптеретува цената, особено кај младите производители.
- Органското земјоделие е единствениот систем кој следи и почитува законски регулативи за употреба на придавката органско. Секој кој го нарекува својот производ органски мора да биде проверен и сертифициран од сертификациско тело. Кога се сертифицирани, производите добиваат сертификациски број кој е истакант на етикетата. Секој кој тврди дека нуди органски производ, а не поседува валиден сертификат, го крши законот и ги става потрошувачите во заблуда. Увезените производи се означени со ознака за обележување органски производи од земјата на производство, но увозот мора да биде под надзор на македонско сертификациско тело.
- МЗШВ и сертификациските тела се одговорни институции, тие обезбедуваат дека, сите законски регулативи за органско земјоделие се задоволени. Производителите на органски производи се контролираат најмалку еднаш годишно за да се обезбеди увид на нивната усогласеност со правилата на производството.

Извор:www.fpopm.com

AG

© 2019 Cyber Green Market LLC