Органско

Коприва - употреба во органското производство

Од коприва може да се направат ѓубрива и средства за заштита на растенијата, бидејќи е богата со азот и други елементи

Органското земјоделство е незамисливо без природни препарати (од растително потекло). Па така постојат многу билки од кои може да се добијат органски средства и ѓубрива за заштита. На пример, копривата е здрава билка со добар и голем принос, која придонесува во органското производство со нејзина препорака од органски препарати.
Од коприва може да се направат ѓубрива и средства за заштита на растенијата, бидејќи е богата со азот и други елементи.

Азотно ѓубриво
За добивање на азотно ѓубриво, прво се зема 1кг свежа или 200г сушена коприва и се потопува во 10л вода. За подготовка на ѓубривото се користат пластични канти, во кои копривата се потопува со вода и се промешува, а потоа се остава да ферментира 10 -15 дена. Ферментацијата е готова кога ќе заврши појавата на пена. Секој ден повремено се промешува смесата, а кантата се покрива со крпа со цел да не навлегуваат инсекти и се остава на осончено место. По завршената ферментација, смесата од кантата се процедува и се користи како ѓубриво, откако ќе се разреди со вода:
Се разредува во однос 1:10 кога е за наводнување
Се разредува 1:50 кога се врши фолијарно ѓубрење
Редовната употреба на копривата ќе ги зајакне билките, тие ќе изгледаат поздраво и помалку ќе бидат напаѓани од инсекти и болести.

Ѓубрива од коприва и тесто (квасец)

Ѓубривото може да се направи кога на копривата ќе се додаде малку квасец, леб, пециво, кекс и сите други теста кои се направени од квасец. Таа ја забрзува ферментацијата и истата се крати на 3-5 дена. Три четвртини од кантата се исполнува со коприва и се прелева со вода во која има растворено малку квасец или леб. По завршената ферментација, растворот се процедува и разблажува во однос 1:10. Во комбинација со слез и воловски јазик (гавез) се добива сложено NPK ѓубриво.



Инсектициди од коприва и пелин

Копривата може да се користи и за заштита од штетни инсектициди, посебно од лисната вошка, се зема 1кг коприва и 1кг пелин, кои претходно се ситнат или сецкаат. Се прелеваат со 8л врела вода. Кога смесата ќе се излади се држи потопена уште половина час, се процедува и се остава да се излади. После тоа може да се користи како инсектицид кој може да се користи на секои 5-7 дена.

А. Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC