Свет

Конопот и кафето патуваат во вселената!

Билките ќе растат во инкубатори во кои температурата и другите микроклиматски услови ќе бидат контролирани од Земјата. Растенијата во вселената ќе останат 30 дена, по што ќе се вратат на Земјата каде што ќе се проучува нивната РНК

Конопот и кафето се две култури избрани на пролет да отпатуваат на Меѓународната вселенска станица. Станува збор за проект на компанијата Front Range Biosciences во соработка со Универзитетот во Колорадо-САД. ФРБ е земјоделско –технолошка компанија која се бави со одгледување на расад од нови билни сорти и семиња од коноп и кафе, и подолго години ги проучува нивните варијации. Мисијата-пат во вселената- има задача да го проучи учинокот од нултата гравитација врз метаболизмот на билките. Ќе се следи и како растителните клетки поминуваат низ генетските промени.

Експерименталните растенија според најавата ќе отпатуваат во март 2020 –та година, со ракетата Фалкон 9 и теретната капсула Драгон. Четиристотинииосумдесет примероци од коноп и кафе ќе бидат распоредени и сместени во строго контролирани услови, кои ќе се следат од Земјата. Растенијата ќе се одгледуваат во инкубатори 30 дена, по што се враќаат на Земјата каде ќе се проучуваат евентуалните мутации во нивната РНК. Крајната цел е да се испита како различните услови, како микрогравитацијата и радијацијата влијаат на одгледувањето на нивниот раст и развој.

Како што наведува Џонатан Ваут, извршен директор на компанијата ФРБ, постојат научни теории дека растенијата во вселената ќе доживеат мутации, но прашање е дали тие ќе се задржат кога ќе бидат вратени на Земјата. Се разбира најважно од се е дали од сето ова ќе се добие и комерцијална корист.
Главната причина за да се започне оваа мисија се климатските промени, кои се почесто негативно влијаат на производството на билните култури. Затоа разни видови растенија сакаат да се прилагодуваат на локации на кои порано не успевале.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC