Македонија

Конкурентноста на меѓународните пазари преку ИПАРД

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски посочи дека инвестицијата на компанијата „Којаконеја“ е уште еден показател за широкиот спектар на финансиска поддршка што го нуди ИПАРД 2 програмата, а во овој случај мерката 7 - диверзификација на фарми и развој на бизнисот. Оваа компанија е успешен пример за искористеноста на можностите што ги нуди мерката 7 за инвестиции во неземјоделски производи

аменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, денес ја посетија компанијата „Којаконеја“ (Coyaconeya), корисник на средства од ИПАРД 2 Програмата.

По посетата на компанијата и увидот на направените инвестиции, Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, изјави дека искуството коешто оваа компанија го има и она кое што при посетата на компанијата може да се забележи, во пракса покажува што значи поддршката од Европската Унија и користењетот на европските програми за нашата држава, нашето земјоделство и за нашите компании.

„Тие во пракса искажуваат едно искуство коешто значи инвестиција, но и искористување на зелена енергија за производство, коешто тие го праваат во оваа компанија. Тоа директно влијае на подобрување и на животната средина во нашата држава, но и за развој на економијата. ИПАРД програмата е навистина корисна програма, преку која директно се вложува во развој на земјоделието, но и во компаниите коишто имаат домашно производство и со тоа тие стануваат поконкурентни во регионот и конкурентни на европскиот пазар, затоа што имплементираат европски стандарди во своето производство. Ние како држава се стремиме да го постигнеме токму тоа. Да создадеме домашни компании коишто почитуваат и одржуваат европски квалитет и европски стандард, се со цел нашата држава да стане европска држава. Токму ова укажува дека целиот оној пат којшто го поминавме во минатиот период навистина ќе ги отвори вратите за голем развој на нашата економија и на нашите компании“, потенцираше вицепремиерката Царовска.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски посочи дека инвестицијата на компанијата „Којаконеја“ е уште еден показател за широкиот спектар на финансиска поддршка што го нуди ИПАРД 2 програмата, а во овој случај мерката 7 - диверзификација на фарми и развој на бизнисот. Оваа компанија е успешен пример за искористеноста на можностите што ги нуди мерката 7 за инвестиции во неземјоделски производи.

„Финансиската поддршка ја користеле за изградба на производствен погон, поставување соларни панели и набавка на опрема за производство на производи од дрва. Вкупната вредност на инвестицијата е 34,3 милиони денари од кои 33,7 милиони денари е финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата. Засега суровината ја користат за производство на конструкција за гарнитури. Мерката диверзификација на фарми и развој на бизниси има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во земјоделството. По принципот на кофинансирање оваа мерка овозможува инвестициите во земјоделско производство, производство на прехрамбени производи и пијалоци, односно мали преработувачки капацитети, ннвестиции во производство на непрехрамбени производи, занаетчиски дејности, рурален туризам и друго. Токму со инвестиции од ваков тип ќе се придонесе за развој на руралните средини и за отворање на нови работни места. Преку мерката диверзификација на фарми и развој на мали бизниси го развиваме најмоќниот дел од економијата, а тоа се малите и средните претпријатија кои се двигатели на домашната економија. Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно, вклучително тука и земјоделското. Наша обврска како влада е да го подготвиме земјоделството, да ги искористиме сите потенцијали за производство и продолжување на инвестициите за опоравување и заживување на економијата. Владата на РСМ вети силна поддршка на економијата и затоа во наредниот период, преку сите мерки и политики ќе создаваме поволна бизнис клима за раст и развој на домашната економија. Во земјоделството како важен сектор во економијата тоа ќе го постигнеме и преку ефикасната искористеност на ИПАРД 2 програмата“, рече министерот Димковски.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC