Свет

Киноа, мајка на сите зрна

Киноата е една од најпопуларните здрави намирници. Иако спаѓа во житарици, таа е всушност псевдо житарица. Се консумира и се припрема исто како и другите житарки, меѓутоа спаѓа во фамилијата треви. Киноата припаѓа на истиот род на билки како што се спанаќот, блитвата, цвеклото и др. Во својот состав киноата не содржи глутен, но е богата со протеини и ги содржи сите 9 аминокиселни, кои нашето тело не е способно само да ги произведе. Поради овие карактеристики киноата се издвојува од сите други намирници.

Стара е неколку илјади години и затоа го добила името древно семе. За прв пат е пронајдена на планините на Јужна Америка. Бидејќи било многу ценето и важен дел од нивната исхрана овој народ неовото зрно го нарекувало мајка на сите зрна.
Постојат повеќе сорти на киноа: бела, црвена, црна киноа, но онаа која највеќе се употребува во нашата исхрана е белата киноа. Киноата е една од ретките семиња која е комплетен протеин. Поради тоа таа е совршена замена за месо, и е идеална намирница за вегетаријанците.
Растенијата имаат добро развиени коренови системи и добро развиени стебла со алтернативно распоредени листови, слични на лободата. Кај младите растенија листовите обично се зелени, а растенијата која почнуваат да созреваат добиваат жолта, црвена или виолетова боја. Цветовите се на врвот од стеблата групирани во форма на гроздови од кои по оплодувањето се формираат и созреваат семиња со големина од 1-3мм, округла форма и со различна боја, но најчесто е во жолта.
Киноато обично е самооплодна, но доколку има можност за вкрстено оплодување приносот се зголемува за 10-15%. Семињата се покриени со слој од сапуни кои со својата горчливост ги одбиваат птиците и другите штетници да се исхрануваат од нив, а пред употреба на зрното за човечката исхрана истите се отстрануваат со промивање.

Киноата е растение кое успева на температури од -8 до +38 степени и од 0 до 4000м надморска висина. Вегетациониот период е од 90 до 125 дена во зависност од сортата, местоположбата и надморската висина. Поднесува прилично голема суша, високи температури и благи мразеви. Добро успева на сите видови почви, тргнувајќи од најсиромашните песокливи и кисели до многу алкалните и солени почви.
Токму во ова е големината и значењето на ова рстение, бидејќи дава можност да се искористат најлошите типови на почви за производство на храна, а ќе има и квалитетен придонес врз севкупниот агро-почвен фонд со нејзиното внсување во плодоред со житни култури со што ќе се разбие континуирано одгледување на култури од иста фамилија.Подготовката на почвата за одгледување е слична како и на други пролетни култури, пожелно е уште од есен обработка на почвата на длабочина од 30-35см со заорување на остатоците од предходнат култура, се со цел поголемо акумулирање на влага и подобрување на физичко-хемискио-биолошките својства на истата. Сеидбата може да се изврши коа температурата на почвата е +2 степени, кој како сулов кај нас е овозможен веќе во првата половина на март месец. Сеидбата се извршува со сеалки за ситни семиња или со прилагодување на сеалките за жито. Растојанието меѓу редовите е 13-24см, длабочинатае околу 1-1,5см, а количината на семе е 800 грама/декар. Задолжително е валирањето, како кај сите култури со ситно семе.
Ѓубрењето може да се изврши предсеидбено или со самата сеидба, доколку машината за сеидба конструктивно го овозможува тоа. Количината на ѓубрењето е во зависност од типот на почвата и климатските услови. Заедно со сеидбата на почви сиромашни со хумус се внесуваат 2кг/декар хумусно ѓубриво (киноа хумат). По 20 дена од никнењето, фаза8-10 пара вистински листови се врши прихранување со внес на околу 25кг уреа на декар.

Негата на посевот се состои во сузбивање на евентуална појава на плевели со машинско култивирање, потоа сузбивање на евентуална појава на штетници и болести во помлада фаза на развој и евентуално наводнување пред цветање.
Со настапувањето на зрелост лисната маса опаѓа, растенијата остануваат голи само со плодната маса, добиваат портокалова боја и влагата се спушта на околу 16% со што е настапен момент на жетва. Жетвата може да се изврши со житни комбајни со нивно прилагодување за жетва на ситно семе со намалување на бројот на вртежи на 500-600 и корекции во системот за одсејување. По завршетокот на жетвата добиената зрнеста маса по потреба се прочиствуа од нечистотии, се просушува до 13% влага и се чува во соодветен складишен простор. Приносите се движат просечно од 200-400кг. а добивани се приноси од 600-960кг/декар.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC