VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Колумна

Кафе - придружник во секоја пригода

Има безброј видови и начини на приготвување, се користи како зачин, како материјал за торта, идеална напивка при безделничење, за “крадење” на дел од работното време, придружник во разговорите на новите и старите пријатели, лек против мамурлак и сонливост, но и средство за предвидување на судбината!

Прво вода па - кафе. Значи, кафето - по водата - е апсолутно најпопуларната напивка во светот. Добро, искусните домаќини ќе додадат дека на оваа комбинација и недостига единствено слаткото, за да биде се според старите и добри, традиционални обичаи за гостопримство, но се е јасно. Статистичарите ова тврдење го поткрепуваат со фактот дека годишно на планетата се испиваат над 500 милијарди филџани кафе, а некои податоци говорат дека секојдневно го консумира една третина од човечката популација! Има безброј видови кафе, се користи и како додаток при правење торти, како зачин, како начин да се украде мало делче од работното време, кафето е идеално при безделничење, за чамче-муабетите со пријателите, тоа е одлично за будење на спанковците, лек против мамурлак, а средство - според некоја категорија луѓе – за предвидување на нечија судбина!
Ако тргнеме по ред, најпрво треба да кажеме дека легендарниот етиопски козар Калди некаде во 800 година забележал дека неговите кози чудно се однесуваат, полни се со енергија, скокаат и трчаат од еден до друг џбун, не спијат по цела ноќ, но само откако ќе се најадат од црвените бобинки кои растат по грмушките. Кога Калди му раскажал на локалниот свештеник за необичното однесување на животните, тој си направил напивка за себе, по што останал буден цела вечер. Оттогаш растението се прочуло како извор на енергија. Речиси во истиот период африканските племиња правеле енергетски “чоколатца” така што кафето го мешале со животинска маст. Поголема популарност кафето добива дури во 15 век, најпрво преминувајќи ги Црвеното Море и Арабија. Оттаму и потекнува кафето какво што денес го знаеме. Околу 1000 година прв пат е направена напивка од печени зрна, а во 13 век муслиманите почнале да го пијат од религиозни причини. Подоцна, каде и да одел исламот одело и кафето: во северна Африка, источен Медитеран, Индија. Во 17 век кафето стигнува во Европа, а еден век подоцна во Јужна Америка, каде станува неприкосновен дел од секојдневието за сите слоеви население.

Кафето е зимзелен повеќегодишен џбун што може да израсне од 7 до 8 метри. Се одгледува во повеќе региони во светот, но приматот му припаѓа на Бразил. Успева на географска широчина од 25 степени северно и 30 степени јужно од екваторот, на температура над 15 Целзиуси. Кај нас расте и се развива во јужниот дел на Македонија, но, за жал, единствено како украсно растение чии цветови и мирис неодоливо потсетуваат на јасмин. Кафето има плод многу сличен на црешата, кој во внатрешноста има две полујајчести црни зрна со длабока бразда од внатрешната страна. Бобинките кафе созреваат во различно време, па бербата се одвива рачно. Колку е тешка оваа работа може да се заклучи од податокот дека дури сто илјади бобинки, подоцна преработени и испечени, даваат само половина килограм кафе!
За време на печењето се случуваат неверојатно сложени процеси кои резултираат со арома и вкус кои ни се познати на сите. Пред се, доаѓа до карамелизација на шеќерите, се создаваат повеќе од 700 нови соединенија, се формираат голем број испарливи компоненти и пигменти. Со деградација на аминокиселините се создаваат соединенија како оксазол и пиразин, кои се одговорни за карактеристичната арома на кафето. На секој килограм кафе, при печењето се ослободуваат повеќе од 10 литри јаглероден диоксид!
Двете комерцијално најпознати видови кафе се арабика и робуста. Од нив (и кај нас и во светот) се добиваат најпопуларните кафиња минас и сантос. Најголемата берза на кафе, пред се од Бразил, е во Њујорк и во Лондон. На кафето почива гигантска индустрија која вработува повеќе од 50 милиони луѓе. Само во Бразил – земја која произведува една третина од вкупното светско производство, “кафеџии” се десетина милиони луѓе.
Што има во кафето што го прави толку многу неодоливо и привлечно, напивка без која не може да се замислат утрата? Најпознат, но и најважен дел од него е кофеинот. По испивањето, кофеинот се ресорбира и преминува во крвта, каде што се задржува 4 часа. По ова време неговото количество во крвта се намалува за половина, следните 4 часа за уште половина... Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, поточно мозокот. Ја зголемува будноста, вниманието, расположението. Во еден филџан кафе има 100-150 милиграми кофеин. Иако се смета дека кофеинот е штетен, во умерени количества тој има благопријатно дејство.
Една од најголемите заблуди поврзани со кафето е дека го покачува крвниот притисок! Ова само делумно е точно. Притисокот ќе се покачи веднаш по пиењето, но тој ефект е краткотраен. По ова крвниот притисок ќе се спушти повеќе отколку што бил пред испивањето на кафето. Значи, може да се заклучи дека кафето го снижува крвниот притисок! Претерувањето во пиењето кафе, како и претерувањето во што и да е друго, не е добро. Најчести проблеми кои се јавуваат се: несоница - бидејќи кафето ја стимулира активноста на мозокот, вознемиреност, чукање на срцето и болки во желудникот.

Искусните кафепијачи знаат да речат дека процедурата на чување, приготвување, послужување и пиење кафе е многу сложена. Кафето најдобро се чува во стаклени садови, бидејќи најголеми непријатели му се влагата и воздухот. На кафето му пречи и директната сончева светлина бидејќи ја губи свежината. Кафето е најдобро десетина дена по печењето. По овој период почнува да ветрее. Најдобар начин за кафето да се одржи свежо е да се има сопствена мелница. Свежо сомеленото кафе е секогаш многу попријатно од отстоеното. Совет поврзан со варењето кафе е дека најдобрата температура е од 95-98 степени, значи непосредно пред да проврие. На пониска температура од оваа не се екстрахираат доволно кофеин и есенцијални масла, па кафето е некако слабо и бледо. На повисока температура, значи на 100 степени, силно се зголемува присуството на киселините!
Кафето како стимуланс
Во оваа напивка има три стимулативни средства: кофеин, теобромин и теофилин, кои создаваат зависност. Иако кофеинот има најсилно дејство, многу сличен е и теоброминот, кој е присутен во многу помали количества. За теофилинот е познато дека го нарушува сонот. Кафето од кое е отстранет кофеинот и понатаму ги содржи другите две погоре споменати материи, што значи дека од него не се отстранети стимулансите. Ако кафе се пие во големи количества - ја забавува апсорпцијата на минералите, а ако се пие во текот на јадењето - ја инхибира и апсорпцијата на железото.
Темел на новата медицина?!
Кофеинот што ја забрзува работата на срцето и ја стимулира активноста на мозокот, како и хлорогените киселини кои имаат слично дејство може да се искористат во медицината како лекови за епилепсија, хиперактивност и несоница. Лабораториските тестови што ги извршиле научниците од Универзитетот во Нешвил покажале дека овие киселини дејствуваат како антиоксиданси и ги уништуваат штетните слободни радикали кои придонесуваат за појавата на срцевите болести. Хлорогените киселини ја зголемуваат концентрацијата на аденозин, што ги шири артериите и овозможува поголем проток на крв. Ова му помага на срцевиот мускул да не остане без крв - појава пак која доведува до ангина пекторис и инфаркт!
Потрошувачка
Кај нас владее мислење дека сме опасни кафепијачи, но изгледа дека не е така. Според податоците што секоја година ги објавува Државниот заводот за статистика, секој жител на Северна Македонија во просек пие речиси 200 грама кафе месечно. Минатата година во просек секое домаќинство во земјава потрошило 8,7 килограми кафе, додека, пак, просекот по член на домаќинство изнесува 2,3 килограми. ЕУ минатата година увезле вкупно 3,073 милиони тони кафе кое ги чинело вкупно 7,826 милијарди евра. Меѓу членките на ЕУ по увозот на кафе предничи Германија која увезла 1,1 милион тони. На второто место е Италија со увезени 587.000 тони. Белгија увезла 277.000 тони, а Шпанија 260.000 тони кафе. Европејците најчесто пијат бразилско кафе со оглед на тоа што од таа јужноамериканска земја минатата година во ЕУ се увезени 901.000 тони. Вториот набавувач на кафе за ЕУ е Виетнам со 770.000 тони, а следуваат Хондурас, Колумбија и Уганда.






Благородна Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!