VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Камелеон меѓу цвеќињата

Хортензијата потекнува од Јапонија и била декор во многу кралски палати. Со текот на времето станала омилена билка ширум светот, пред се поради својот раскошен изглед и боженствени бои

Покрај изгледот што е одмор за очите, но и неповторлив декор за секој ентериер или градина, за хортензијата се тврди дека го смирува умот. Може да се најдат преку 60 вариетети. Едно од неверојатните особини на ова растение е што може да ја менува бојата, па се нарекува уште и камелеон меѓу цвеќињата.
Хортензијата е повеќегодишна билка а расте до висина од 150 сантиметри. Латинското име и е Hydrangea, што во превод значи-резервоар за вода. Ова се разбира е доказ дека растението бара често и обилно полевање.

Ова растение може успешно да се одгледува и на нашето поднебје, на балкон или во двор. Најважно е што хортензијата бара влажни места и многу вода. Доколку сакате да добиете посветла нијанса на цветовите, засадете ги билките на земјиште со помала киселот, а доколку преферирате интензивни сини или пурпурни цветови, тлото треба да биде со поголема киселост.
Важно е да се знае при садењето на хортензии дека ако растението е во саксија, не треба да се преместува често. Изберете позиција во ладовина, затоа што ова растение не поднесува долги периоди на силна сончева светлина. Бидејќи на тој начин останува без неопходната вода.

Уште една карактеристика е дека хортензијата не е добро да се залева или прска на силно сонце, затоа што може и листовите и цветовите да свенат. Секогаш полевајте ја на крајот од денот, кога температурите ќе се намалат, или рано наутро.
Ако ги следите овие совети сигурно ќе имате доживување како во кралска градина, бидејќи хотензијата е навистина кралско растение.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now