VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Како се одредува зрелоста на грозето?

Полната зрелост на грозјето се утврдува кога од различни места на парцелата се зема средна
проба на грозје и се испитува содржината на шеќерот и киселините во ширата. Кога ќе се
утврди во две последователни мерења, содржината на шеќерот да не се зголемува а
киселините не се намалуваат, тоа значи дека грозјето е во полна зрелост

Кај виновата лоза разликуваме физиолошка и полна (технолошка) зрелост на грозјето.
Физиолошки грозјето е зрело кога семката ќе го заврши својот развој и е способна да даде
ново растение. Физиолошката зрелост на грозјето нема битно значење за берење на грозјето.
Полната(технолошка) зрелост се утврдува врз основа на содржината на шеќерот и вкупните
киселини во ширата за винските сорти и според надворешниот изглед и вкусот на грозјето за
десертните сорти.
Полната зрелост на грозјето се утврдува кога од различни места на парцелата се зема средна
проба на грозје и се испитува содржината на шеќерот и киселините во ширата. Кога ќе се
утврди во две последователни мерења, содржината на шеќерот да не се зголемува а
киселините не се намалуваат, тоа значи дека грозјето е во полна зрелост.

Како што објаснува Ламбе Куциноски, виш соработник, во Агенцијата за поттикнување и развој на земоделството, зрелоста на грозјето се одредува според 4 методи. Органолептички зрелоста на грозјето се утврдува визуелно според надворешниот изглед и вкусот на грозјето. Грозјето е зрело кога зрнат лесно се оделуваат, лушпата станува проѕирна, бојата и вкусот на зрното се својствени за сортата, грозјето е слатко и со хармоничен вкус, семките се тврди и дршката на гроздинката делумно е тврда. Со органолептичката метода многу ориентационо може да се одредува зрелоста на винското грозје, додека тоа се практикува повеќе за утврдување зрелоста на десертното грозје, каде што бербата не се врши наеднаш туку во неколку наврати и при самото берење се одбира само зрелото грозје.
Со физичка метода, вели тој, преку употреба на рефрактометри од различни видови и
широмери многу бргу и релативно точно, се утврдува содржината на шеќерот во ширата.

Хемиска метода за одредување на содржината на шеќерот и вкупните киселини се користи во
лаборатории и на тој начин се утврдува содржината на шеќерот и вкупните
киселини. Оваа метода е најточна, но тешко се извршува за практични цели. Потребно е добро
опремена лабораторија со хемиски средства и добар стручен кадар.
Показател на зрелоста, врз основа на анализите на содржината на шеќерот и вкупните
киселини се утврдува показателот на зрелоста на грозјето. Тој е константен за секоја сорта во
одделни подрачја каде што се одгледува виновата лоза. Се утврдува преку количникот, а се
добива кога содржината на шеќерот (изразена во проценти) ќе се подели со содржината на
вкупните киселини (изразена во г/л). Оваа метода се употребува за одредување на зрелоста
кај десертните сорти. Долна граница кај афус али е 2,2, чауш 2,5, смедеревка3,6.
Показателот на зрелоста е променлив и зависи од биолошките својства на сортата,
климатските услови, начинот на одгледување, применетите агротехнички мерки и многу други фактори, објаснува Куциноски.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!