VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Како до поголем принос на зелка?

За рано пролетно производство на зелка најповолни за производство на расад се топли објекти во кои се регулираат условите според потребите на развојната фаза

Семето прортува на 4°С а оптимална температура за никнење на зелката е 18-20°С. Никнува за 3-4 дена. Расадот се произведува во контејнери или во саксии на квалитетен супстрат. Контејнерите не смеат да бидат ставени директно на подот во пластеникот, туку на некои носачи (палети), со што по природен пат се ограничува порастот на коренот и се насочува во самиот контејнер. Така се формира јак коренов систем кој по расадувањето во добри услови има брз пораст. За расадување стасува за 40-45 дена и се расадува во фаза со 3-5 прави листови.

Пролетната зелка најчесто се одгледува во поевтини пластеници – тунели или подоцна на отворено. Се расадува на растојание 50-60 см помеѓу редовите и 35-40 см во редовите. По расадувањето се наводнува и во текот на вегетацијата се наводнува на 7-10 дена со 15-20 литри вода на м2 Со систем капка по капка се наводнува почесто (пр.: секој втор ден 1-2часа),но ова не е правило, туку зависи од температурата, облачноста, фазата на развојот. типот на почвата и др. Треба да се наводнува рано наутро или навечер кога температурите се пониски.

Расадување и нега:

Раната зелка има скромни температурни барања и поднесува краткотрајни ниски температури до -2°С. Температури над 25°С негативно влијаат на растот и развојот на раната зелка. Оптималната дневна температура за развој на зелката е 18-20°С за време на сончеви денови, односно 15°С во облачни денови. а ноќе треба да е пониска за 4-5°С од дневната. Во објекти без греење во какви што најчесто се одгледува раната зелка во нашите услови. при изразито ниски надворешни температури се врши и дополнително покривање со пластична фолија (низок тунел во пластеникот) или, пак, најчесто со агротекстил (агрил) без носечка конструкција.

Прихраната може да се врши со минерални гранулирани азотни ѓубрива или со кристални ѓубрива преку системот за наводнување, а исто така и со фолијарни ѓубрива преку прскање. Користењето систем за наводнување капка по капка во пластеникот, освен основната намена за наводнување и фертиригација, влијае и на намалување на релативната влажност на воздухот во пластеникот затоа што еден од предусловите за појава на болести на зелката е и високата релативна влажност на воздухот.

Во почетната фаза на пораст по расадувањето се препорачуваат формулации на кристални ѓубрива со поголема застапеност на фосфорот заради формирањето на кореновиот систем. Потоа во периодот на интензивно формирање на лисната розета треба да се додаваат ѓубри- ва со поголем процент на азот, а по започнувањето на формирање на главиците треба да се додаваат ѓубрива со поголема концентрација на калиум.

Исто така, се вршат и 1-2 окопувања со благо загрлување при првото окопување непосредно по раса- дувањето на зелката.

Во зависност од микроклиматските услови. во пластеникот може да се појават болести на зелката како што се: гниење на коренот и приземниот дел на стеблото, пламеница, пегавост, бактериоза и други. Затоа се врши превентивна заштита на зелката и треба секогаш да се одберат средства со пократка каренца, поради кратката вегетација на пролетната зелка и обврските на производителите за запазување на принципите на добрата земјоделска пракса. Освен болестите, зелката ја напаѓаат и штетници како што се: мал и голем зелкар, совица, молец, бувач, лисни вошки и други. но во многу помал број и обем за разлика од летното, есенското и зимското производство на зелка и затоа треба да се следи состојбата на терен и без потреба да не се употребуваат инсектициди, како што е најчесто случај при одгледување на раната пролетна зелка, бидејќи е поретка појавата на штетници и реално може да нема потреба од употреба на инсектициди.

Време на зреење и берба:

Пролетната пролетна зелка стасува за берба во зависност од сортата (најчесто за 100-120 дена) во фаза на технолошка зрелост. Приносот варира од 1000 до 4000 кг/декар.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!