
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Свет
КАТАЛОГ НА ДНЕВНИ ЦЕНИ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАЗАРИ ШИРУМ СВЕТОТ
Секој заинтересиран да придонесе во градењето и ажурирањето на светски каталог, каде што на едно место, во секое време, ќе може да се најдат најновите цени на земјоделските производи, на локалните пазари ширум светот, може, на многу едноставен начин да го прави тоа уште додека е на пазар и купува производ.

Од денес ЕЗП има уште еден дополнителен сервис. Во делот со наслов ДНЕВНИ ЦЕНИ можете да побарате малопродажни цени на земјоделски производи на локалните пазари ширум светот (и во Македонија се разбира).

Овој каталог е замислен да биде ажуриран од самите посетители на нашата страница ширум светот. Секој еден, кој има желба да придонесе во ажурирање на овој каталог, од било кој локален пазар, додека купува производ, на лесен начин, преку нашата апликација, со неколку клика може да го внесе името на државата, градот, производот и цената на производот во соодветната валута и единица мерка во која се продава производот.
Се разбира, во моментов ДНЕВНИ ЦЕНИ има податоци само од пазари во Македонија, и нашата редакција ќе продолжи да го ажурира со податоци од пазарите во Македонија, но доколку сакаме ДНЕВНИ ЦЕНИ (DAILY PRICES) да стане она што треба, и вистински да ја постигнува својата мисија (да биде непристрасен водич на производителот и потрошувачот во врска со цената на производите), тоа зависи од сите вас кои ја посетувате нашата страница и веќе ја користите нашата апликација, во колкава мера, доколку ви се допаѓа идејата, ќе ја препорачувате оваа наша нова рубрика на вашите пријатели во Македонија и ширум светот, и во колкава мера сите ние од заедницата на ЕЗП (и редакцијата и посетителите) ќе ги ажурираме дневните цени додека купуваме производ од нашиот локален пазар.
Апликацијата можете да ја најдете на:
Ви благодариме!
Admin
