VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Италија најголем производител на вино во ЕУ

Кај нас најголемиот дел од преработеното грозје останува на домашните пазари, а многу мал дел оди за извоз.

Светското производство на вино лани е проценето на 292,3 милиони hl што е пораст од 42,5 милиони hl во споредба со производството во 2017-та година. Трендовите кај главните производители на вино сепак се разликуваат. Најголем број од европските земји бележат значително зголемување на производството, споредено со 2017-та година, па така Италија (54,8 милиони hL), Франција (49,1 милиони hL) и Шпанија (44,4 милиони hL) и остануваат на цврстите први три позиции, поради одличните берби.
Помали зголемувања на производството забележуваат Германија, Романија, Унгарија, Австрија и Швајцарија, а поради лошите временски услови намалување на производството на вино забележале Португалија, Грција и Унгарија. Капацитетите за производство на вино во Европската Унија за 2018-година се проценети на 181,9 милиони hL, со пораст од 28,3% споредено со 2017-та година.

Кај нас најголемиот дел од преработеното грозје останува на домашните пазари, а многу мал дел оди за извоз. Според истражувањето спроведено како подготовка за Националната стратегија за лозарство и винарство за периодот од 2020-2025 година, во последнава петолетка во просек винарските визби откупувале од 120-130 милиони килограми винско грозје, додека за извоз биле наменети само 13 милиони килограми годишно, истакнува во својот извештај Горан Ѓергев, од Агенција за поттикнување за развој на земјоделството на Република Северна Македонија.
Производството на вино се одвива во 74 винарски визби со вкупен капацитет од 2.165.447 hl што е за два пати повеќе од вкупното производство на вино односно 50% искористеност. Вкупниот капацитет за налевање во шишиња е околу 650.000 hl годишно што е недоволно за да се покрие целокупното производство на вино во земјата. Иако недоволно, капацитетите за полнење на вино во шишиња остануваат неискористени бидејќи сѐ уште поголем дел од виното се пласира како наливно.

И покрај инвестициите за набавка на современа опрема за преработка на грозје, складирање и флаширање на вино, производството и извозот на наливно вино сѐ уште го надминува производството и извозот на вино во шишиња во количина од 66% наспроти 28% во корист на наливното вино во 2018-та година. Но, во поглед на извезена вредност на виното во последните две години се забележува пораст на вкупната вредност на извезено вино во шишиња во сооднос на 49% наспроти 45% за наливно вино, потенцира Ѓергев.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!