Македонија

Исплатени субвенциите за сите земјоделци кои имаат обработлива површина до 1 хектар

Вчера, на сметките на 1.447 лица се исплатија 11,3 милиони денари за сите земјоделци кои имаат мали земјоделски стопанства. Станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар.


Оваа мерка се спроведува за прв пат. Корисници на истата се земјоделски стопанства кај кои збирната површина на катастарските парцели евидентирана во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не надминува 1 хектар и воедно не се корисници на директни плаќања од подмерките1.1, 1.5, 1.8 и 1.11 од Уредбата за директни плаќања.

Финасиската поддршка за сите земјоделци кои имаат производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари, изнесува 6.000 денари по земјоделско стопанство. Додека, за оние корисници кои имаат производни капацитети од 0,5 до максимум 1 хектар, обработлива површина, финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по земјоделско стопанство.

Оваа мерка е наменета за малите земјоделски сопанства под 1 хектар, со цел да направи радвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Мерката опфаќа 13 000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ.

Изминатиот период, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, ги исплати субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда. Во наредниот период ќе се продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 381,6 милиони евра за развој на агро – секторот.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC