VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Исплатени се субвенции на 3213 одгледувачи на овци

Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Дихово од кадешто ги известија сите одгледувачи на овци дека ќе се изврши исплата на субвенции за обележани грла. На сметките на 3213 сточари одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда.
„На сите сточари им благодарам за активниот допринос за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла, набавка на потребна опрема за производство и се она што им е потребно за да го развиваат сточарството.

Ние како надлежни институции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжиме и во наредниот период да ги исполнуваме нашите обврски, со што сите заедно ќе допринесеме за развојно и одржливо сточарско производство.“- изјави министерот Димковски.
Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.
“Со оваа исплата од почеток на мандат до денеска исплативме 381,4 милиони евра во агро – секторот. Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции. Средствата се исплаќаат согласно календарот и во време кога им се најпотребни на земјоделците“- изјави директорот Бабовски

Агенцијата, и во наредниот период ќе продолжи со навремена исплата на субвенции во еден ден и неселективно за сите кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen