VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Индексот на трошоците на животот во декември 2019 година

Според класификацијата COICOP и цени на мало, декември 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 101.0

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 101.0.

Индексот на трошоците на животот во 2019 година, во однос на 2018 година, бележи пораст од 0.8 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатата година.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2019 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.6 %, Здравје за 2.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1.6 %, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1.2 %, Ресторани и хотели за 0.9 %.

Намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 2.2 %, Комуникации за 1.7 %, Облека и обувки за 1.5 %, Образование за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Движењето на индексот на цените на мало во 2019 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско-прехранбени производи за 1.4 % и Земјоделски производи за 0.4 %.

Намалување на индексите е забележано во групите: Пијалаци за 1.5 %, Услуги за 0.3 %, Индустриско непрехранбени производи и тутун за 0.1 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележа пораст од 0.4 %, а индексот на цените на мало забележа намалување од 0.2 %.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen