
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Икра од пастрмки карантински ќе се чува во рибникот Дошница
Во рибникот Дошница ќе се спроведува карантин за оплодена икра од пастрмки за да се одгледаат и на пазарот да се пласираат риби кои ги исполнуваат највисоките стандарди за здравствена заштита

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, го посети рибникот “Дошница” во демиркапиското село Чфлик, што неодамна од Агенцијата за храна и ветеринарство доби одобрение да биде карантински објект според сите задолжителни протоколи. Станува збор за објект каде ќе се спроведува карантин за оплодена икра од пастрмки со цел обезбедување на безбедносни услови да се одгледаат и на пазарот да се пласираат риби од видот пастрмка кои се безбедни и кои ги исполнуваат највисоките стандарди за здравствена заштита од болести кај овие животни од аквакултурата.

Рибникот е изграден во 1962 година и со него од 2003 година стопанисува ДПУП “Дошница” ДООЕЛ од село Чифлик од Дамир Капија и истиот ги исполнува стандардите за безбедност на аквакултурата и во него да се спроведе карантин – чување во изолација на оплодена икра од пастрмки, односно каде е исклучен секој директен или индиректен контакт на икрата со други животни од аквакултура.
Во овој рибник ќе се врши набљудување и кога е потребно и испитување и третман на икрата, вклучително и на водата, со цел спречување на појава на болести кај рибите.
Карантинот ќе биде задолжителен за сите бизнис оператори кои се занимаваат со одгледување на овој вид риба. Рибникот има капацитет од 130 тони годишно.
Б.А.Н.
