VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Извозот на зелка годинава е за 28 отсто зголемен во однос на лани

Од почетокот на годинава, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период, кога се извезле 13.278 тони зелка. МЗШВ е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците, со цел да има непречен извоз на земјоделските производи


Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто. Конкретно, од почетокот на годинава, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка. Само во период од 27-ми до 29-ти март, од нашата држава се извезени 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот на зелка бил 1.001 тон. Овие податоци покажуваат дека нема застој во извозот, туку напротив постои зголемување на извозот на зелка. Од друга страна увозот на зелка од почетокот на годинава до 29-ти март е само 1 тон.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го следи откупот на зелка и на останатите земјоделски производи, во овој период на вонредна состојба поради појавата на коронавирусот во нашата држава. МЗШВ е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците, со цел да има непречен извоз на земјоделските производи.

Во насока на олеснување и забрзување на транспортот, Владата донесе одлука за возачите на камиони кои вршат транспорт да не важи мерката за 14 дневен карантин, доколку ги почитуваат препорките за заштита, односно носење на соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истото важи и за возачите од другите држави. Исто така, со цел непречен транспорт (односно извоз/увоз) земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарните производи, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во насока на обезебедување на пласман на домашните земјоделски производи, во овој период на глобална пандемија, на веб страната на МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС). Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи на домашниот пазар.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen