
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Зошто да јадеме пченка?
Летото е сезона на варени или печени кочани. Овој продукт освен што мами со вкусот, мирисот и бојата е здрав и би требало да го внесувате во што поголеми количини

Ако некогаш пченката била главна житна култура од која се добивало царевно брашно, и земјоделски производ кој претежно се одгледувал за хранење на добитокот, денес ова жито кое води потекло од "ветената земја" е сé поприсутно на пазарот, но и на трпезата. Поради корисните состојки е една од намирниците кои се составен дел на здравиот режим на исхрана.
Пченката има голема енергетска вредност (голема количина на скроб - 73%), дава енергија и обезбедува ситост подолго време. Обилува со јагленихидрати, а сиромашна е со масти. Не дебелее. Богата е и со протеини, витамините Е и Б, провитаминот А, растителни влакна, минералите фосфор, калиум и магнезиум, како и шеќери (глукоза, сахароза и фруктоза).

Пченката и печивата од пченично брашно содржат калиум (една чаша пченка содржи 476 мг калиум) и антикоксиданти (витамин С и Е, каретоноиди) и затоа поволно влијаат на здравјето кога се во прашање Алцхајмеровата болест, анемија, бронхитис, депресија, дијабетес, јакнење на нервниот систем, нарушување на метаболизмот, неплодност, остеопороза, болести на крвните садови, реума, намалување на апетитот, болести на срцето, проблеми со бешиката, холестерол и бубрези.
Помага за детоксикација и излачување на течности, па се препорачува за лекување на болестите на мочните патишта, едема, реума, срцеви заболувања и висок крвен притисок. Добра е за здравјето на очите. Содржи каретоноиди: лутеин и закестанин.
Една чаша пченка содржи 12 грама растителни влакна, особено корисни за лица кои имаат запек, а и за отстранување на штетните материи од организмот. Експертите советуваат да се консумира и за превенција од некои видови карцином, заради високата содржина на растителни влакна и антиоксидативните својства (ова особено важи за варената пченка).
За лековити цели, покрај зрната, се користи и пченкарната свила. Доминантна е во мексиканската, шпанската и американската кујна. Домашното јадење од пченкарно брашно е познато како палента или качамак.
А. Г.
