Македонија

Зимско кроење на овошките

Постојат многу различни методи за зимско кроење на овошките. Ова се трите чекори со кои се добиваат одлични резултати кај најголем број на овошни дрва.

Овој метод може да се примени кај јаболките, крушите, дуњата, праските, сливите и вишната. Вистинското време за оваа активност е крајот на зимата, непосредно пред „оживувањето“ на растенијата. Тогаш се уште нема листови на гранките, па затоа е полесно да се воочи што треба да се крои.
Прв чекор-чистење
Поченете со кратење на гранките кои се исушиле во текот на годината(1), но и сите оние кои се оштетени или искршени(2).Отстранете ги сите изданоци кои растат директно од стеблото на дрвото(3).Таквите изданоци немаат врска со плодот, затоа што се изданоци од подлогата на кое е калемена овошката. Гранките кои растата право во висина треба да се скратат, исто како и оние кои се свртуваат спрема стеблото, односно имаат насока кон внатрешноста на круната(4).

Чекор два-проретчување
Целтта на проретчувањето е да се овозможи светлината и воздухот да стасаат до сите листови. На овој начин се намалува можноста од ширење на болести и штетни инсекти.
Најпрво се отстрануваат некои од гранките кои растат надолу, но и сите оние кои се вкрстуваат и преклопуваат со други гранки. Круната се крои на тој начин што треба да се добие рамномерна густина на гранките. Пожелно е секое стебло да биде обликувано на ист начин, за овошките да изгледаат еднакво. Многу е важно секоја гранка да има доволно воздух и простор за да се развива. Не оставајте чисти и прави гранки подолги од 30 сантиметри без ниту една странична гранка. Се смета дека 30 сантиметри годишно е доволна должина на растење.

Чекор три-фризирање
Овој чекор е најлесен затоа што овошките добиваат „нова фризура“.треба да се почне од надворешната страна и да се крои кон стеблото. Целтта на овој чекор е гранките да станат подебели и пократки. Стручњаците советуваат дека со ваквото кроење се спречува кршењето на гранките од тежината на плодовите, а тогаш дрвото лачи хормони во долниот дел од крошната. Со скратувањето направено на овој начин, овошката дава поголем принос и не оди во висина и ширина.
Целтта на фризирањето е да се одрежат 20-30 отсто од минатогодишниот прираст на дрвото. Минатгодишниот раст може да се препознае по грубата кора и дебелината на гранката. Важно е да се води сметка каде ќе се направат резовите. Најдобро е тоа да се направи 5-8 милиметри над пупката.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC