VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Земјоделски политики по европски стандарди

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, вчера во Софија, Р. Бугарија се сретна со неговиот колега Васил Грудев. Двајцата директори разговараа за начинот на прилагодување и приближување на АФПЗРР, кон заедничката земјоделска политика на Европската Унија.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ. Директорот Бабовски, истакна дека договорена е размена на искуства помеѓу двете институции, преку практична примена и обуки.

„За нас е од исклучителна важност проширувањето на соработката со Платежните Агенции на земјите членки од ЕУ. Ова е продолжување на веќе воспоставените соработка со Платежните Агенции на Хрватска и Словенија. На овој начин, правиме се за да ги добиеме најдобрите искуства од сите Платежни агенции кои веќе се дел од ЕУ. “ -истана Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во наредниот период ќе црпи искуство, за начинот на спроведување на земјоделските политики по европски стандарди и имплементирање на европското законодавство. Целата е навреме да се воспостави институционален систем кој ќе може да работи по правилата кои се утврдени од страна на ЕУ а се во насока Република Северна Македонија подготвена да ги дочека преговорите со ЕУ како и стекнување на статусот полноправна членка.

Директорот на Платежната Агенција на Бугарија, Грудев истакна дека спроведувањето на шемите и механизмите за финансиска поддршка и апсорпција на европските средства се од огромно значење не само за Бугарија туку и за цел регион.


„Преку модернизација на земјоделските стопанства се зголемува конкурентноста на земјоделските стопанства на двете земји. Бугарија има искуство во градење на административен капацитет на Платежната Агенција како модел на европска институција која строго управува и го контролира трошењето на европските средства.“ – истакна директорот на Платежната Агенција на Р. Бугарија.

Двајцата директори договорија и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете Платежни Агенции со кој практично ќе се овозможи и продлабочување на соработката се со цел полесно прилагодување кон сите системи на Европската Унија и можноста за искористување на што повеќе средства кој ќе ни бидат на располагање.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen