VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Зеленчук што се одгледува и во сенка

Доколку сакате да одгледувате зеленчук , а имате градина која е во сенка, вашно е да знаете дека има и такви растенија кои одлично успеваат и без сонце. Овие зеленчуци ќе ви осигураат род секоја година, не бараат многу работа, ниту пак многу одржување

Градините во сенка се прилично честа појава особено во урбаните средини, каде просторот е ограничен. Но, градина може да има секој, и да дава род секаде без оглед на тоа колку е осојно местото. Еве листа на зеленчуци кои може да се произведуваат и со малку светлина.
Зелена салата
Зелената салата е едно од најлесните растенија за садење и одгледување, а не бара многу сонце. Потребно е и само неколку часа светлина дневно и е совршен зеленчук за мал простор.
Рукола
Руколата се гаи исто како и зелената салата и се садат едно до друго. На руколата сонце и е потребно само 1-2 часа на ден, но и ако нема воопшто директна светлина таа ќе продолжи да расте во потполна ладовина. Вкусна е и зрава и не бара многу труд.

Поточарка
Поточарката е прекрасно растение што расте речиси во сите услови и на секаков терен, а од неа се прават прекрасни салати. Но, бара големо количество вода. Поточарката е вкусна и лековита билка и неправедно е запоставена на трпезите и во градините.
Брокула
Брокулата бара нега, но само неколку часа сонце во текот на денот. Потребно и е редовно полевање и прихранување. Ако не сте знаеле, листовите од брокулата кои најчесто ги фрламе се исклучително здрави и вкусни.
Карфиол
Карфиолот расте под истите услови како и брокулата, па може да се посадат едено покрај друго.
Ендивија
Ендивијата е уште еден зеленчук од кој се подготвува вкусна салата. Исто така и треба малку сончева светлина и е лесна са одгледување.

Цвекло
Цвеклото е зеленчук што добро го поднесува студеното време и не бара многу сонце. Може да се сади сукцесивно се до крајот на мај, така што ќе стигне во неколку наврати. Цвеклото е преполно со витамини, а се консумира и свежо и зготвено.
Грашак
Може да се одгледува во полусенка, но ќе даде послаб принос. Не бара многу простор.
Ротквица
Ротквицата не бара значителна нега. Важно е редовно да се полева, а земјата да биде мека и растресита за да може да се развива. Ротквицата отвора апетит и лесно се одгледува.
Спанаќ
Спанаќот е растеније кое не бара ниту многу сонце ниту многу работа и не зазема многу простор

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen