Македонија

Зелена-летна резидба на виновата лоза, го подобрува квалитетот на грозјето

Летната резидба на виновата лоза се извршува во текот на вегетацијатаи преставува корекција на резидбата, направена предходно. Со неа се зголемува или намалува приносот на грозје. Со зелената резидба може битно да се влијае на квалитетот на грозјето.

Зелената резидба подразбира поголем број постапки кои се вршат со одредена цел. Со летната резидба се влијае на зголемување на приносот, но и на квалитетот на грозјето.
Како што објаснува Стеван Стојковски, советник во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, поважни мерки се лачење, филизење и поткршување. Лачењето представува одстранување на цели ластари кои се непотребни за родноста. Со лачењето се одстрануваат ластарите на старото дрво, чокотот, лаковите и неродените ластари, кои се развиваат од зимските окца на родниот ластар. Ластарите кои се потерани од старото дрво се лачат обично два пати. Првиот пат кога имаат должина од 15 сантиметри, а вториот пат истовремено со врзувањето.При вториот пат се одстрануваат неродените ластари на родното дрво.

„Развојот на филизите зависи од бујноста на сортата, плодноста на почвата, влажноста на почвата, начинот на одгледување и резидбата“, појаснува Стојковски. „Филизите се поизразени при кратка резидба, додека при долгата резидба нивниот развој е послаб. Филизите не смеат во целост да се одстранат, туку треба да се поткршат на два - три листа од основата, бидеќи на тој начин се спречува нивното повторно развивање.

Поткршувањето на сите млади ластари се врши во време кога ќе престане интензивниот раст. Целта на поткршувањето е одстранување на недозреаните врвови на ластарите и филизите, со што се создаваат подобри услови за осветлување и аерација на пењушката, се олеснува заштитата од болести и се забрзува зреењето“.

Б.А.Ноциќ

© 2019 Cyber Green Market LLC