VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Во првото тромесечје од 2019 година производството на шумски производи во државните шуми во однос на лани е зголемено за 51,4 отсто

Шумскиот појас во нашата земја е огромен а вкупната шумска површина изнесува еден милион хектари или една третина од вкупната територија. Според податоците од Државниот завод за статистика последниве неколку години површината под шуми се зголемила за четири отсто.

Податоците од овде исто така говорат дека, во првото тромесечје од 2019 година вкупното производство на шумски производи во државните шуми во однос на првото тромесечје лани е зголемено за 51,4 отсто. Анализите покажале дека зголемувањето е регистрирано кај трупците од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од овие два вида. Податоците говорат дека во 30 –те години од минатиот век нашата држава имала 600 илајди хектари површини со шума.
извор:агротим

Македонија има потпишано и ратификувано многу меѓународни договори и конвенции за заштита на шумите и животната средина кои влијаат врз шумарскиот сектор. Ориентацијата на земјата кон Европската Унија бара хармонизација на шумарската политика со обврските кон неа.

Според истражувањата на Европската агенција за заштита на живтоната средина, шумите во Европа сериозно се намалуваат, како резултат на зголеменото сечење, урбанизацијата но и пожарите кои се сериозна закана последниве години.

Според анализите на Светскиот институт за природни ресурси над 12 милиони хектари тропска шума во 2018 година снемало на нашата планета . Од таму посочуваат дека од вкупната шума која исчезнала, 3.64 милиони се примарни тропски шуми што се од големо значење за климата и биодиверзитетот. Според платформите со кои се врши надзор на светскиот шумски фонд 2018 година се смета како четврта по ред најлоша година кога станува збор за намалување на шумите, после претходно трите најлоши години во 2014, 2016 и 2017 година. Ваквиот проблем со намалување на шумскито фонд најмногу се засегнати Индонезија, Демократска република Конго, Бразил, Колумбија и Боливија.
Според Законот за шуми, шумите се природно богатство и се добро од општ интерес за Републиката затоа така и да ги третираме.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!