VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

За пет дена завршува рокот за добивање средства од ИПАРД 2 програмата

Агенцијата за финанска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака„ Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса :

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц )
1000 Скопје

Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до наредната сабота ( 01- ви август 2020 година).

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека :

Оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во секторите: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција“- посочува Бабовски.

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 % за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари.
Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.



Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!