VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Започнува глобална иницијатива за контрола и искоренување на свинската чума

Како резултат на утврдениот зголемен глобален ризик за сите земји и значајното влијание на болеста врз здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната, националните и глобалните економии, руралниот развој и социјалното и политичкото однесување, на 87-та генерално собрание на Светско собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) беше започната иницијатива за глобална контрола на АЧС.

Африканската чума кај свињите (АЧС) е инфективна болест на домашните и дивите свињи. Во последните неколку години драстично се зголеми бројот на земји кои се зафатени со оваа болест.
Како резултат на утврдениот зголемен глобален ризик за сите земји и значајното влијание на болеста врз здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната, националните и глобалните економии, руралниот развој и социјалното и политичкото однесување, на 87-та генерално собрание на Светско собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) беше започната иницијатива за глобална контрола на АЧС.

Со Резолуцијата бр. 33 на 87 Генерално собрание се утврди комплексноста на оваа болест за која е потребна мулти-секторска и мулти-институционална соработка.

Со Резолуцијата се идентификувани клучните улоги на земјите, на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) во глобалната контрола на Африканската чума кај свињите. Ова исто така ја вклучува и потребата АЧС да се смета како болест со чие справување е потребно да се воспостави соодветно управување со ризик преку развивање и прилагодување на национални програми за контрола на болеста како и потребата комуникацијата на ризик да се признае како клучна компонента за ефикасно справување со болеста.

Согласно Резолуцијата, ОИЕ во соработка со ФАО има обврска да покрене иницијатива за глобална контрола на АЧС. Глобалната рамка на ФАО/ОИЕ за прогресивна контрола на прекуграничните болести на животните (GF-TADs) беше прифатена како соодветна платформа за развој и промовирање на национални, регионални и глобални партнерства за зајакнување на мерките за превенција и подготвеност и минимизирање на негативните влијанија од АЧС во однос на здравствената заштита на животните и благосостојбата на свињите и меѓународната трговија.
ФАО и ОИЕ треба да ги идентификуваат и дефинираат, во согласност со релевантните меѓународни стандарди и упатства, водечките принципи и факторите на успех потребни за глобалната контрола на АЧС. Ова треба да вклучува механизми за поддршка за подобрување на капацитетите на земјите за контрола на АЧС, подобрување на координацијата и соработката на клучните засегнати страни од приватниот и јавниот сектор и минимизирање на последиците од АЧС преку континуитет во спроведуваањето на професионалните активности.

Африканската чума кај свињите никогаш претходно не била толку ширико распространета и справувањето со болеста бара долгорочна посветеност од страна на сите засегнати страни. Мерките за контрола треба да бидат координирани на регионално и глобално ниво и да бидат инкорпорирани во националните рамки во кои се разгледуваат различните социо-културни, географски, политички и економски потреби и карактеристики на секој регион. Ова треба да се постигне преку ангажирање на широк спектар на меѓународни, регионални и национални агенции, како и организации на засегнатите страни, со јавниот и приватниот сектор, кои работат во тесна координација и со усогласени цели.

GF-TADs претставува ефикасна рамка за справување со прекуграничните болести како што е Африканската чума кај свињите бидејќи ги поддржува регионалните здружувања со обезбедување упатства, давање насоки и координација. GF-TADs исто така може да обезбеди можности за синергија со постојните глобални и регионални стратегии за контрола и искоренување на други прекугранични болести кои веќе се воспоставени со оваа рамка, како што се тековните активности за надзор, биосигурносни мерки и одговор на појава на жаришта.

Во таа насока, GF-TADs веќе изготви брошура со поврзана со иницијативата за глобална контрола на Африканската чума кај свињите. Во бошурата се презентирани општи информации за иницијативата надополнети со генералните чекори кои ќе бидат преземени од страна на GF-TADs, стратешките предизвици, мерки за подготвеност, спречување, детекција и контрола на болеста, цели и причини, клучни фактори за успех итн.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!