VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Започна изградбата на Откупен центар за земјоделски производи во Општина Градско

Општина Градско на локација во населбата Градско, започна со изградбата на Откупен центар за земјоделски производи

На оваа место е планирано земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион да можaт на големо да ги продаваат своите разновидни земјоделски производи. За таа намена ќе биде асфалтирана и оградена површина од 2.200 метри квадратни, а која ќе има и осветлување. Со овој центар е предвидено да стопанисува ЈКП „Клепа“ од Градско.

Градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешковски, за МИА, информираа дека се работи за инвестицијата вредна 5 милиони и 840 илјади денари од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој со проект за подобрување на руралната инфраструктура. Воедно тој наведува дека општината на овој конкурс конкурирала преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес.

Со изградбата на Откупен центар, земјоделците од Општина Градско и поширокиот земјоделски регион ќе имаат место каде што ќе ги изложуваат и многу побрзо и полесно на големо да ги продаваат своите разновидни земјоделски производи. Со тоа ќе заштедат пари и време и ќе можат да се насочат повеќе на своето производство, потенцира Бешковски.

Земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион се едни од главните снабдители со раноградинарски и со останатите земјоделски производи кои се пласираат на пазарите во земјава и странство.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen