VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Заев:Државата ќе интервенира со субвенции за лозарите

Премиерот Заев на вчерашната средба со лозарите рече дека државата ќе интервенира со субвенции за помош и на лозарите и на винариите, но визбите треба да го почитуваат предходно направениот договор за откупните цени на грозјето

Во Кавадарци вчера, претседателот на Владата на Република Северна Mакедонија, Зоран Заев заедно со заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и поранешниот министер Трајан Димковски, одржаа состанок со здруженијата на лозари од Тиквешкиот регион. На состанокот беше презентирана моменталната состојба со производството на грозје и почетокот на откупот на винските сорти грозје. Премиерот Заев посочи дека оваа година е тешка и за лозарството како земјоделска гранка, поради здравствената криза предизвика од вирусот КОВИД-19 и затоа Владата ќе помогне со цел да се ублажат последиците и врз производството на грозје и врз винската индустрија.

На состанокот, премиерот Заев, ги презентираше владините предлог-мерки за помош на лозарите и винариите, во делот на откупните цени и планираната поддршка, кои беа позитивно прифатени од лозарите.
„Она коешто како заклучок го извлековме е дека со 4 денари државата ќе интервенира за вранецот и смедеревката, а со 2 денари ќе интервенираме за високосортното грозје. Дополнително остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино и ја отворивме новата можност кон сите откупувачи коишто работат во нашата земја да можат да откупат винско грозје и да го извезат како винско за да ги намалиме количините со една стимулативна мерка. Тоа е ако откупат 12 милиони килограми сите заедно, тоа ќе го видиме на царинските декларации, ќе добијат 2 денари субвенција на тие 12 милиони килограми, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција. Целта е да стимулираме сето тоа што ко има како залихи брзо да се продаде надвор, а при тоа да има жед да се откупи она што е домашно производство“, наведе премиерот Заев.

При тоа, премиерот Заев посочи дека сите заеднички треба да придонесат во надминувањето на проблемите и упати апел до винариите да го почитуваат договореното, односно смедеревката да се откупува по 9 денари за килограм а вранецот по 11 денари за килограм, а државата ќе го исполни ветеното за 4 денари субвенција.

Премиерот Заев посочи дека ќе се разговара и со винарската визба „Тиквеш“ и дека низ дијалог ќе се најде взаемно прифатливо решение, потенцирајќи дека заеднички сите треба да го понесат товарот за да се преброди оваа криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, информираат од владината прес служба.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen