
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Свет
Забранет увоз на овошје третирано со штетниот инсектицид
Земјите членки на Европската Унија се согласија да забранат увоз на овошје кое содржи траги од хлорпирифос.

Тоа е пестицид кој се смета за штетен за здравјето на луѓето, велат дипломатите од ЕУ.
Одлуката која е донесена од повеќето земји членки следи по забраната на самиот инсектицид во целиот блок.
После тримесечен преоден рок, секое увезено овошје со повеќе од најмалата количина пестицид која ќе може да влезе во траг ќе биде забрането за продажба во цела ЕУ.

Европскиот орган за безбедност на храна во август идентификуваше загриженост поради „можните генотоксични ефекти, како и невролошките ефекти за време на развојот“, поткрепени со податоци кои укажуваат на ефекти врз децата.
Хлорпирифос се користи од страна на земјоделците за да се спречи инсектите да ги оштетат производите. Трагите често се наоѓаат на увезените овошја како портокали или мандарини од земји како Германија, каде таа супстанца одамна е отстранета од пазарот.
А.Г.
