
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Забрана за вршење на рекреативен риболов заради непречен природен мрест на рибите
Ограничувањата важат за сливот на реките Вардар, Треска, Пчиња, Црн Дрим, Црна Река, Брегалница, како и на рекреативните зони во акумулациите Глобочица, Козјак, Глажња, Липково, Градче, Паљурци, Стрежево, Калиманци, и Младост како и на Дојранско и Преспанско Езеро. Забраната најчесто трае од еден до три месеци, во зависост од тоа за кој вид риба станува збор, а трајна забрана на Пчиња и Вардар има за златниот карас и лињакот

Министеротерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во Република Северна Македонија.

Забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување на непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.
Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите.
Прегледот ( рокот ) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk.
Б,А.Н.
