Свет

Еко кожа од кактуси, за почиста животна средина!

Двајца пријатели од Мексико свесни за тоа колку модната индустрија учествува во уништувањето на биодиверзитетот и животната средина, почнале да произведуваат вештачка кожа од кактуси

Андреа Лопес Велардеа и Марти Цезарез се двајцата пријатели кои имале животен сон и на крајот го оствариле. До пред неколку години работеле - првиот во индустријата за мебел, а вториот во модната индустрија како дизајнер. Тие долго планирале да ги напуштат своите работни места и да создадат свој бренд. Одлучиле да ја вложат целата своја заштеда во една од најпотрошувачките индустрии -модата, а целта им била да создадат вештачка алтернатива на животнската кожа. Инспирацијата ја пронашле во билката од родот Opunicia - кактус што се одгледува во Мексико и каде се користи за исхрана, како додаток во многутрадиционални јадења.
Материјалот што го добиле е делумно биоразградлив и има тенички спецификации како и материјалите во индустријата за мебел, автомобилите и модата. Благодарение на флексибилноста, проѕирноста и трајноста, гаранцијата е најмалку 10 години. Кожата произведена од кактуси е одлична замена за животинските и синтетичките материјали, кои се се помалку еколошки и етички неприфатливи во модниот свет.

За овој материјал се одлучиле и поради фактот што во производството на памук се користат вештачки ѓубрива, но и поради проценките дека на крајот 80 отсто од оваа облека се уништува или одложува во депониите.
„Природните ресурси на земјата се под голем притисок, а модната индустрија има голем придонес во ова, вели Лопез Веларде за магазинот „Модернфарм“. „Ни беше важно да направиме линија на производи која ќе биде одржлива и нема да ја уништува околината ниту при процесот на производство, ниту потоа“.

Лопез Веларде и Цазарез ги откупуваат суровините кои им се потребни од 27 земјоделци кои имаат фарми на кактуси во мексиканската сојузна држава Закатекас. За изработка на кожата користат само зрели листови од билката, кои се сушат на сонце три дена и потоа се преработува.
Минатата година на Меѓународниот саем за кожа „Lineaplle“ во Милано за прв пат ги преставиле своите производи под марката „Desserto“, а интересот во светот на модата како што велат бил неочекувано голем!

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC