VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

June 15, 2020, 8:36:40 AM
Органско

Дудинка-хранлива и лековита, а недоволно искористена!

Црница, боболка, дудинка, се народните имиња на ова вкусно овошје кое денес, барем кај нас, е по малку подзаборавено, што е потполно неоправдано. Познатиот римски поет Вергилиј за дудинката напишал дека е најпаметна билка, бидејќи процветува и зрее најдоцна,чекајќи го топлото време и сигурното лето

Во дворот на манастирот „Св.Гаврил Лесновски“, крај пробиштипското село Лесново се наоѓа црна дудинка или црница, дрво кое важи за едно од најстарите во Македонија. Проценките се дека возраста на ова дрво кое Министерството за животна средина во октомври минатата година го стави во графата –природни реткости, е цели шест века!
Во светот се познати околу сто различни видови дудинки, но кај нас растат три: бела (Morus alba), црвена (Morus rubra) и црнa (Morus nigra). Најраспространета е црницата од која плодовите се медени и слатки, но ако стоите под неа и случајно ве погоди зрел и сочен плод, дамката која ќе остане врз облеката тешко ќе може да ја исчистите! Уште еден куриозитет врзан за боболката е фактот дека листовите на ова листопадно дрво се основна храна на свилената буба!
Плодовите на боболката содржат слободни органски киселини (лимонска и јаболкова ), витамини Ц, Б,К, А и Е, железо, калиум, манган и магнезиум, пектини и други корисни материи. Поседуваат и голема количина антоцијанини. Експертите тврдат дека боболката заслужува да биде именуванаи како суперхрана, бидејќи спречува стареење на организмот и помага кај многу болести. За лекување се користат плодовите, листот и кората.

Cyber Green Market News

Црна дудинка

Црната дудинка се корист против воспаление на мочните канали, болести на усната шуплина и грлото, депресија, несоница и вртоглавица, но сокот во народната медицина се користи и при убоди од инсекти. Свежите незрели боболки се користат против дијареа, а зрелите како благ лаксатив. Нивниот сок е добар за искашлување, потење и мокрење, како и за испирање кај воспаление на грлото и устата. Листот на црната боболка е народен лек за снижување и регулација на шеќерот во крвта, па често се применува во чајните мешавини за дијабетес.

Бела дудинка

Белата дудинка има голема примена во козметиката. Се наоѓа во составот на многу козметички препарати за избелување на кожата, отстранување дамки, бидејќи содржи инхибитори кои ја намалуваат синтезата на меланин.
Исто така се употребува во составот на препаратите против стареење на кожата, за третман на кожата околу очите, за тонизирање и чистење на лицето. Во лечењето се користи како и црната боболка. Забележано е дека делува кај артритис, очни болест, слабост на организмот и за опуштање на нервниот систем.

Кора од дудинка

Горчливата кора на боболката се користи како лек против цревни паразити, посебно тенијата. Кората ги ублажува болестите на цревата, а со тоа помага кај труење со храна, алкохол и печурки. Правот добиен од кората на боболката се употребува надворешно во облик на мелем за брзо зараснување на рани, а сварената кора се пие како лек за висок крвен притисок.
Плодовите од боболката и кората се собираат од јуни до август, а листот е најкорисен во пролет. Дрвото не го напаѓаат никакви штетници, и затоа плодовите се сметаат за еколошко овошје. Боболките можат да се јадат свежи или да се исушат. Во готвењето дудинките може да се користат како било кое друго овошје – од неа се прави сок, слатко, сос, а се користат и за подготовка на десерти и колачи.

Б.А.Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259