
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
До 31 декември дополнителни субвенции за предадено јагне
Рокот за поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет е продолжен до крајот на годинава, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет е во висина од 400 денари по грло. Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер.

За да се аплицира, потребно е да се најават на веб страната на Агенцијата, односно на и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе можат да поднесат електронско барање за предадено јагне, за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат, односно да поднесат електронско барање, може да побараат помош во подрачните единици на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за оваа дополнителна субвенција поради проблемите со висината на откупната цена, а со цел да се намалат загубите на сточарите.
Потврдата која треба да се издаде од кланицата, може да се превземе на следниот линк:
Б.А.Н.
