VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

До 30-ти април продоложен рокот за договорите за производство и откуп на тутун

Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука за продолжување на законскиот рок за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколта 2020, кој го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун.

Министерството за земјоделтво, шумарство и водостопанство информира дека оваа одлука, наместо до 31-ви март, до кога беше рокот за склучување на договори се продолжува до 30-ти април оваа година. Ваквата одлука се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена заради пандемијата од коронавирусот, поради што процесот на склучување на договори во месец март, не се одвиваше со иста динамика како во месец февруари 2020 година.

Од овие причини, на почетокот на овој месец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, направи анализа и според извештајите кои произлегуваат од информативниот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ), за реколта 2020 година до 7- ми Април 2020 година се склучени 29.531 договори, на површина од 11.936 хектари за планирана количина од околу 22.654 тони тутун.

Во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун, за да можат да склучуваат договори и по законскиот рок, кога би се договориле околу 1.500 -1.600 тони тутун, МЗШВ предложи, а Владата денеска го прифати предлогот за одложување на рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун, односно продолжување до крајот на овој месец.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen