VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

January 27, 2020, 7:49:51 AM
Свет

До 2021 година, ЕУ без пластика?!

Европското законодавство ја изгласа целосната забрана на 10 пластични материјали за еднократна употреба, вклучувајќи ги пластичните сламки, пластичниот прибор за јадење, пластичните стапчиња за мешање кафе и многу други производи

Пред неколку дена Европското законодавство ја изгласа целосната забрана на 10 пластични материјали за еднократна употреба, вклучувајќи ги пластичните сламки, пластичниот прибор за јадење, пластичните стапчиња за мешање кафе и други производи. Ова се надоврзува на посветеноста на европските влади на решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад, јавува агенцијата Ројтерс.



Cyber Green Market News

„Европа мора да се соочи со фактот дека не можеме товарот да го предадеме на некој друг. Ако не реагираме веднаш, ако не бидеме брзи, ќе имаме повеќе пластика во океаните отколку жив свет“, велат од Европската комисија.

Ова не е последниот чекор на патот до забрана на пластиката во ЕУ. Земјите членки на ЕУ треба да ја одобрат оваа забрана и според Ројтерс, некои од земјите веќе се изјасниле дека целосната забрана за еднократната пластика, ќе биде премногу тешка за имплементација. Но, тоа не значи дека е невозможна.

Целта на ЕУ е забраната да стапи на сила во 2021 година, па државите членки имаат време за да ја испланираат транзицијата. Освен тоа, секој од производите кои се на листата веќе имаат готова алтернатива, па ЕУ не бара од луѓето воопшто да не користат такви производи, туку да користат еколошки верзии кои нема да го убијат живиот свет, нема да ја уништат нашата животна средина и да го загадат и човечкиот организам и природата.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259