Нутриционист

Домат

Доматот како природен – Антиканцероген и заштитник на вашето здравје !

Доматот е вкусен и лековит зеленчук. Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.
Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.
Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а изобилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали.
Доматот ја содржи состојката ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.
Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите.

Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак и т.н
За да ги искористите сите овие придобивки кои ги нуди доматот Ве советувам за што поголема примена на истиот во вашата домашна кујна.

Бузлевски Илија

© 2019 Cyber Green Market LLC